rnrn
Игра: Народна
rnКраток опис: На две сосема спротивни страни застануваат двајца играчи кои со топка ќе треба еден по еден да ги елиминираат оние кои се во средината помеѓу нив.rnrnПравила: Оние кои се во средина мора да ги избегнат топките. Доколку бидат удрени губат еден живот. Секој поседува по 3 животи на почетокот, но со секое фаќање на топката во рака, се освојува дополнителен живот. Играта завршува кога ќе останат само оние двајца кои ја фрлаат топката.rnrn
rnrn
Игра: Слики-апарат
rnКраток опис: Една личност е завртена со грб, додека дргуите се местат во одредена позиција.rnrnПравила: Една личност ја пее песничката „Слики-апарат, низ целиот град“ со затворени очи и за тоа време останатите играчи мора да се наместат така што ќе изгледа како да прават нешто. На пример, еден играч одбрал да мрда со раката околу неговата коса. Точниот одговор би бил дека тој се чешла и дека е фризер. Целта е да се погоди дејството и плус да се одреди на која професија припаѓа.rnrn
Игра: Брканица и Цигари
rnКраток опис: Во однапред одредена област, една личност треба да ги „замрзне“ сите оние кои бегаат од него.rnrnПравила: Оние кои бегаат не смеат да дозволат да бидат застанати од оној кој брка. Доколку ги застане, тие „замрзнуваат“ и стојат со раката поткрената под 90 степени. Доколку некој од другите што бегаат им помине под нивната рака, тие се слободни. Исто така, тие што бегаат доколку се во тесно, имаат можност да седнат на земја велејќи „куќа“ – во тој случај се безбедни. За да продолжат со играта мора да бидат допрени од некој што сè уште бега. Играчот кој брка победува само кога никој веќе нема да може да бега од него (без разлика дали е замрзнат или во куќа).rnrnДоколку ја играте верзијата Цигари, секој мора да си одбере по еден бренд кој ќе го претставува. Правила се исти, но овој пат наместо да кажете „куќа“ го кажувате својот бренд на цигари.rnrn
rnrn
Игра: Ластик и Олимпијада
rnКраток опис: Постојат повеќе видови игри со ластик, но секогаш се потребни минимум тројца играчи.rnrnПравила: Двајца играчи застануваат на спротивни краеви и со нивните нозе го држат ластикот. Има одредени „кореографии“ и песни кои мора да се знаат за да може да се учествува. При секоја успешно изиграна кореографија, се покачува висината на ластикот.rnrnШто се однесува до олимпијадата, исто така двајца го држат ластикот, но овој пат додека се пее песничката „Олимпијада“, тие мора да направат некоја заплеткана ситуација. Потоа нивните соиграчи мора да поминат на другата страна од ластикот, без да го допрат (нешто слично како кога на акционите филмови, крадците во музеј поминуваат низ ласери…).rnrn
