Некои видови кафе од понизок ценовен ранг имаат поголема концентрација на киселина која може да го вознемири чувствителниот желудник на поединци, а особено доколку дневно консумирате повеќе од една шолја од оваа напивка.rnrn
rnrnЗа да ја неутрализирате киселината и да го олесните варењето, можете да се послужите со еден вид прашок кој сите ние го имаме во нашиот дом – сода бикарбона.rnrnСода бикарбоната или натриум бикарбонат е одлично природно помагало за неутрализацијата на киселината во организмот, до која може да дојде поради претерано консумирање на слатка или масна храна. Содата има антиалергиски, антиинфламаторни и антифунгални својства. Нејзината примена е доста широка, па може да се користи за чистење на домот, за изработка на паста за заби, за подготовка на колачи, за лечење на уринарни инфекции, но и во многу други неочекувани ситуации.rn
Неутрализација на киселината во желудникот
rnПрстофат сода бикарбона во кафето (или 1/8 лажица на литар од вашата омилена напивка), на Запад е своевиден народен лек за неутрализација на киселината. Оние кои пробале тврдат дека воопшто не се чувствува вкусот на содата.rn
„Кафето е извонреден стимуланс кој особено им се препорачува на лицата со низок крвен притисок. Не би требало да пиете повеќе од две до три шолји кафе дневно, а добро е да го конзумирате со некои суплементи пред сериозен тренинг, бидејќи може да го зголеми нивното делување“, истакнува нутриционистката Марија Андријашевиќ.
rnИако комбинацијата на кафе и сода бикарбона не е позната во нашите краеви, нутриционистите тврдат дека може да ја намали киселоста во желудникот.rn
„Но, треба да имате на ум дека сода бикарбоната во кафето може да предизвика и некои несакани ефекти во организмот, како што се зголемени гасови, намалување на апсорпцијата на калциум и општиот ефект врз варењето на храната“, предупредува Марија Андријашевиќ.
rnДоколку сакате да ја намалите можноста за „подигнување“ на киселината после испиена шолја кафе, а не сакате да експериментирате со сода бикарбона, тогаш пожелно е да вложите во квалитетен вид кафе, заклучуваат нутриционистите.rn
Совет плус:
rnНе мешајте го кафето со млеко! Млекото ја зголемува киселоста во организмот, па лицата кои имаат чувствителен желудник би требало да избегнуваат пиење кафе заедно со оваа млечна напивка.