Без разлика колку чудно ви звучи, покрај тоа што крвната група ни носи многу важни здравствени податоци, таа може да ни овозможи и неверојатно точни информации за нашата личност. Погледнете што таа говори за вас и за вашиот карактер.rnrn
rn
А (А+ и А-)
rnБез разлика дали сте А+ или А-, вие сте перфекционисти. Вие сте личност која со својот став и однесување може да го спаси денот, но тоа не значи и дека немате маани. За вас својствено е тоа што умеете да бидете претерано тврдоглави и посесивни, а тоа не секому му одговара.rn
Б (Б+ и Б-)
rnВие сте многу сочувствителни и оптимистични. Исто така многу ги сакате животните и сте премногу амбициозни. Многу лесно можете да ги разберете ставовите на другите луѓе, па токму поради оваа карактеристика и многу ве сакаат. Но, често знаете и да им се спротивставувате на другите, па затоа и лесно можете да направите непријатели. Сепак никој не може да ја оспори вашата гордост, флексибилност и фактот дека сте неверојатни пријатели.rn
АБ (АБ+ и АБ-)
rnВие сте многу шармантни и секојдневните ситници воопшто не ве нервираат. Токму затоа и луѓето обожаваат да бидат во ваша близина, но тоа не значи дека немате маани. Со оглед на тоа што неретко ви се случува да заборавате нешта и да се губите во вашите мисли, вие можете да оставите впечаток дека сте чудаци.rn
0 (0+ и 0-)
rnВие сте многу интуитивни и фокусирани и одлично излегувате на крај со стресот. Една од вашите најдобри одлики е тоа што обожавате да работите, но многу често можете да се однесувате и како голем егоист. Вашата најголема предност е всушност вашиот добар изглед.