Грејс Чон се занимава со фотографирање животни. За него отсекогаш биле интересни кучињата пред и по нивното шишање. Фризурите што ги добиваат преслатките животни го менуваат нивниот лик речиси до непрепознатливост.
Јуки пред шишањеЈуки по шишањеrn
„Откако ќе се средат влакната на кучето, се случува тие целосно да го сменат изгледот. Така дојдов до идеја да направам фотосесија што ќе ја потенцира оваа голема трансформација кај нив“, вели Чон.
rnСлатките кученца прво се фотографирани со долги влакна, а потоа специјалните фризери им прават неверојатни фризури и целосно го менуваат нивниот изглед, дури и за нивните сопственици. Како што истакнува Чон, ваквиот начин на шишање на кучињата е вообичаен во Јапонија. Таму постојат голем број специјализирани фризери за кучиња, кои со часови работат на една фризура, за да ја доведат до перфекција.
Теди пред новата фризура Теди сега може појасно да го гледа светотОвие кучиња модели се сликани во Лос Анџелес. Тие биле средувани од вештите раце на фризерите кои поминале обука кај јапонски специјалисти за фризури на кучиња. Погледнете ги неверојатно слатките кученца и нивните ПРЕД и ПОТОА фотографии и уверете се дека фризурата не ги менува само луѓето, туку и кучињата.

