КАФЕ ПАУЗА

Неверојатни психолошки факти кои секој треба да ги знае

rn

8. Дружењето со среќни луѓе ве прави и вас посреќни

rnОва е само надоврзување на веќе познатиот факт дека позитивната енергија се шири насекаде околу оние кои ја имаат. Среќните луѓе се позитивни и како такви, нивното присуство предизвикува и луѓето околу нив да ја почувствуваат таа среќа. Од друга страна, опкружувањето со луѓе кои се лошо расположени, ќе предизвика доза неубави чувства и кај вас.rnrn(4)-neverojatni-psiholoshki-fakti-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

9. Луѓето на возраст меѓу 18 и 33 години се најмногу под стрес

rnНеколку истражувања направени во Америка покажуваат дека нивото на стрес е зголемено кај луѓето кои се на возраст од 18 до 33 години, додека кај останатите е намалено или исто. 39% од учесниците во ова истражување се изјасниле дека стресот им се зголемил во последната година, а 52% кажале дека поради стресот не можат да спијат. На поголем дел од нив им било кажано дека патат од анксиозност или депресија.rn

10. Самоубедувањето дека сте спиеле добро го мами вашиот ум дека навистина е така

rnМамењето на мозокот да мисли нешто, кога во реалноста е поинаку е практика која е позната веќе од поодамна. Истата може да се примени и на проблемот со лошото и/или недоволното спиење. Заморот кој го чувствувате ќе се намали доколку го убедите својот мозок дека вие сте всушност одморени.rnrn(5)-neverojatni-psiholoshki-fakti-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

11. Паметните луѓе се потценуваат себеси, а неуките мислат дека се брилијантни

rnОвој ефект, познат и како Данинг-Кругер ефект, претставува тип на девијација на проценка при која неуките луѓе добиваат визија за себе дека се супериорни, проценувајќи си ги можностите на повисоко ниво во споредба со реалноста. Од друга страна, паметните и надарени луѓе имаат навика да се потценуваат себеси и своите можности, истовремено верувајќи дека она што е лесно за нив е лесно и за другите.rn

12. Кога се потсетувате на некоја случка од минатото, вие всушност се сеќавате на верзија од таа случка

rnСпоред некои истражувања направени во скоро време, мозокот сепак си поигрува со нашите сеќавања. Имено, секој пат кога се потсетувате на нешто, вие всушност се сеќавате не верзијата која вашиот мозок ја зачувал од минатиот пат кога сте се сетиле на случката. Со тоа, не само што сеќавањето е сè помалку точно, туку по некое време и целосно го губите.rnrn(6)-neverojatni-psiholoshki-fakti-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

13. Одлуките кои ги носите се порационални доколку ги мислите на друг јазик

rnСерија истражувања направени во Америка и Кореја покажуваат дека луѓето носат порационални одлуки кога размислуваат на странски јазик. Причина за ова се предрасудите кои ги имаме и кои, кога размислуваме на друг јазик, немаат толку големо влијание врз носењето на одлуките. Ризиците, придобивките и последиците кои одлуката ги носи со себе се секогаш повидливи кога размислувате на странски јазик.rn

14. Веројатноста дека ќе успеете е помала кога гласно ги кажувате своите цели

rnГолем број истражувања кои датираат уште од 1933 година покажуваат дека оние луѓе кои јасно и гласно ги кажуваат своите планови и намери се луѓе кои најверојатно нема да ги остварат. Со секое изјаснување за вашите цели, вие потсвесно губите мотивација да ги остварите истите. Зошто? Бидејќи кога на некој начин добивате одобрување од оние кои ве слушаат, вие во вашиот ум веќе ги поставувате тие планови иако во реалноста не се реализирани.rnrn(7)-neverojatni-psiholoshki-fakti-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk