Можеби дел од нив ќе ви звучат премногу неверојатно за да бидат вистинити, но сепак овие среќи во несреќи се случиле. Иако станува збор за среќа, дел од овие луѓе успеале да преживеат благодарение на нивната храброст и желбата за живеење.rnrn
rn
Преживала пад од 10.160 метри
rnСтјуардесата Весна Вуловиќ влезе во Гинисовата книга на рекорди како лице кое преживеало пад од огромна висина без падобран. Несреќата се случила на 26 јануари 1972 година над селото Српска Каменица во Чехословачка, денешна Чешка. Терористи поставиле бомба на авионот на ЈАТ. Бомбата го разнела авионот, а Весна преживеала затоа што била врзана за своето седиште во задниот дел кој останал споен за тоалетот и паднал во планина.rnrnИнтересен податок е тоа што 22 годишната стјуардеса не ни била предвидена да се најде на тој лет. Таа била замена за друга стјуардеса, која исто така се викала Весна. Таа била единствената која го преживеала летот, но привремено останала парализирана. Сепак, после неколку операции таа повторно можела да се движи.rn
Неколку пати ѝ побегнал на смртта
rnСреќата секогаш била на страната на хрватскиот професор по музика Фране Селак, кој е роден во 1929 година. Тој е надалеку познат низ светот поради неговите фатални несреќи од кои секогаш извлекувал жива глава. Првата таква ситуација се случила во 1962 година кога Селак се возел во воз кон Дубровник. Возот излетал од шините и паднал во замрзната река. Тој преживеал само со скршена рака и неколку модрици и гребнатини.rnrnПосле една година летал од Загреб кон Ријека. На авионот му се откачила вратата и почнал да паѓа. Загинале 19 луѓе, но и овој пат Селак имал среќа и паднал врз куп со сено. Во 1966 доживеал уште една несреќа кога автобусот во кој се возел се превртел и паднал во река. И овој пат се извлекол без тешки последици. Но и тука не е крајот на неговите несреќи. Во 1970 година неговиот автомобил се запалил, а во 1995 го удрил автобус. И во двата случаи повторно преживеал. Дека среќата го следи овој човек докажува и фактот што во 2003 година, Селак добил на лото и стана милионер.rn
Преживеале 72 дена на Андите
rnВо 1972 година, еден уругвајски авион се срушил на Андите. Дванаесет луѓе погинале во несреќата, а преживеаните морале да го победат гладот и да издржат на температури кои паѓале до –30 степени Целзиусови. Тие сметале дека резервите со храна ќе им издржат додека да ги најдат спасувачите, но се разочарале кога на радиото чуле дека потрагата е откажана. За да преживеат морале да извршат канибализам и да се хранат со жртвите од несреќата. Сите 16 преживеани издржале 72 дена на Андите сè додека не ги нашле спасувачите.rn
Протони му поминале низ главата
rnАнатоли Бугорски работел како истражувач на Институтот за физика во Протвино, Русија на најголемиот советски акцелератор за честички. Заради неисправната опрема во 1978 година се случила несреќа во која низ неговата глава му поминале протони. Наводно тој наеднаш видел светлина 1.000 пати посилна од онаа на Сонцето, но не осетил никаква болка. Сепак, протоните што прошле низ неговата глава се движеле со брзина на светлината и изгореле делови од неговото лице, черепот и дел од мозочното ткиво.rnrnВеднаш бил префрлен во болница во Москва, каде што лекарите очекувале дека тој нема да се извлече. Но Бугорски не само што преживеал, туку подоцна успеал и да докторира. Неговиот интелектуален капацитет не бил оштетен, но го загубил слухот. Исто така едната страна од лицето му останала парализирана поради оштетувањето на нервите.rn
Гром го удрил 7 пати
rnРој Саливен бил шумар од Вирџинија кој преживеал удари од гром, верувале или не, седум пати. Седмиот удар се случил во 1977 година и со него официјално влегол во Гинисовата книга на рекорди. Тој починал на 71 година, но од природна смрт.rn
Воз го исекол на пола
rnТруман Данкан паднал пред вагон во движење кој неговото тело го преполовил на два дела. И покрај тоа, успеал да повика итна помош од мобилен телефон и да издржи 45 минути додека да дојде екипата. После 23 операции успеал да ја добие битката и да преживее.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
