Сите знаеме дека зеленчукот е добар за нас, но дали знаевте дека јадењето само една порција зеленчуци со зелени лисја дневно може да ве заштити од деменција? Истражувачите од Универзитетот Раш во Чикаго ја испитувале поврзаноста помеѓу диетата и менталната способност на 950 постари луѓе, секои 2 години во период од 10 години. Учесниците, чија просечна возраст била 81 година, поминувале низ 19 теста со цел да се идентификува нивната ментална функција, а потоа одбирале од листа со 144 видови храна и пијалаци од што се состои нивната диета.rnrn
rnrnОние постари возрасни кои јаделе зеленчук со зелени лисја како спанаќ и кељ, еднаш или два пати дневно, покажувале помало намалување на когнитивните способности за разлика од оние кои немале навика да ја јадат оваа храна. Дури и во оние ситуации кога едукацијата, вежбите и историјата во фамилијата за деменција биле вклучени како фактори.rnrnВо просек, учесниците кои јаделе зелени зеленчуци, со нив го одложувале своето когнитивно влошување за околу 11 години. Главниот истражувач Марта Клер Морис вели:rn
„Губењето на меморијата или намалувањето на когнитивните способности се едни од најголемите стравови на луѓето кои стареат. Бидејќи намалената когнитивна способност е клучна за Алцхајмеровата болест, зголеменото внесување на зеленчук со зелени лисја може да ви понуди едноставна и евтина превентива од оваа застрашувачка состојба.“
rnСе претпоставува дека овие придобивки настануваат поради високото ниво на витамини и хранливи вредности, како витаминот К, лутеинот и бета каротинот со кои изобилуваат зелените зеленчуци. Друга студија од Шведска покажала и дека спанаќот ја подобрува силата на мускулите. Можеби е време да почнеме да го слушаме Попај за исхраната…rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.