rn
8. Орангутанот Сурија и кучето Роско
rnЕден ден Роско ја следел Сурија до својот дом во едно засолниште за животни од загрозен вид и бидејќи немал каде да оди, вработените го вдомиле и него. Оттогаш па наваму, овие две животни се неразделни пријатели.
rn
9. Кучето Кенди и дивото вепарче Мани
rnОткако една фамилија го спасила Мани, малиот див вепар, тој се запознал со нивните две кучиња, Кенди и Џек Расел. Станува збор за љубов на прв поглед.
rn
10. Малите тигри и шимпанзото Анџана
rnЕден ураган предизвикал овие два мали тигри да се разделат од својата мајка и откако биле посвоени од страна на резерват за животни во Америка, шимпанзото Анџана ги прифатила како свои.
rn
11. Див зајак и срна
rnОвие две животни биле забележани од страна на фотографот Тања Аскани, но причината за нивното уникатно пријателство сè уште е голема мистерија.
rn
12. Срната Пипин и кучето Кејт
rnКејт и Пипин се запознале уште кога Пипин бил бебе. Таа денес е порасната и има своја фамилија во шумата, но сè уште редовно ја посетува Кејт.
rn
13. Читата Каси и кучето Мтани
rnОвие две животни се пријатели уште откако биле мали. Денес Каси е преокупиран со девојките чити во близина, но тоа не го спречува да најде слободно време за лабрадорот Мтани.
rn
14. Мачка и лисица
rnОвие две животни биле забележани од страна на рибар во Турција, во близина на брегот на Езерото Ван. Покрај овие фотографии, сè уште не постојат дополнителни информации за нивното уникатно пријателство.

