По првата тура откачени закони, следува и второ урнебесно продолжение.rnrn1. Во Турција сите мажени жени кои сакаат да се вработат, мора претходно да добијат дозвола од нивните сопрузи. Жените мораат да живеат онаму кај што сакаат нивните мажи. При развод, жените го губат целиот заеднички имот кој е стекнат во текот на бракот.rnrn2. Во Италија секој маж кој носи здолниште може да биде уапсен.rnrn
rnrn3. Во Јужна Африка потребна е посебна лиценца за да купите телевизор.rnrn4. Во Австралија, само на електричари кои имаат законска дозвола, им е дозволено да менуваат сијалици.rnrn
rnrn5. Додека возите автомобил во Данска, мора да има некој кој ќе оди пред него со знаме за да ги предупреди запрежните коли водени од коњи, дека моторно возило доаѓа на патот.rnrn6. Секоја канцеларија во Германија мора да има прозор со поглед кон небото, макар и мал.rnrn
rnrn7. Во Тајланд е нелегално да излезете од вашиот дом, доколку не носите долна облека. Исто така, додека возите автомобил мора да носите маица.rnrn8. Во Швајцарија е забрането да пуштате вода од казанчето во тоалетот после 22 часот.rnrn
rnrn9. Во Сингапур оралниот секс е забранет со закон, освен ако се практикува како дел од предиграта.rnrn10. Во Камбоџа, пиштоли на вода не смеат да се користат за време на новогодишната прослава.rnrn
rnrn11. Во Мексико велосипедистите не смеат да ги подигаат стапалата од педалите, бидејќи тоа може да доведе до губење на рамнотежата.rnrn12. Во Австралија на децата не им е дозволено да купуваат цигари, но смеат да ги пушат.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
