КАФЕ ПАУЗА

Неколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на Моцарт

Салцбург е четврти град по големина во Австрија, а целосно ќе ве освои со својата барокна архитектура, прекрасните градини и гастрономската понуда. Сместен е во котлината на реката Залцах, а е познат и по блискоста на Алпите и познатите алпски зимски центри, па затоа го викаат „Врата на Алпите“.rnrnrnrnСалцбург е познат по прекрасната барокна архитектура, која е една од најзачуваните во Средна Европа. Токму затоа градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО.rnrnНајпознатиот жител на овој шармантен австриски град бил композиторот Волфганг Амадеус Моцарт, кој се родил токму овде во 1756 година. Неговата куќа е претворена во музеј кој се наоѓа на главната шетачка улица Getreidegasse 9, а денес е една од најпосетените атракции во градот. Во центарот на градот има и плоштад кој е посветен на Моцарт каде што се наоѓа неговиот голем споменик.rnrnНеколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на МоцартrnrnСалцбург е единствениот град каде што можете да пробате вистински „Моцарт“ бомбици, по оригиналниот рецепт на слаткарот Паул Фурст. Иако се значително поскапи од оние кои можете да ги купите во продавница, немојте да се изненадите од долгата редица пред слаткарницата која ги продава овие слатки топчиња.rnrnНеколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на МоцартrnrnДоколку возите велосипед, ова е најдобриот начин за да го прошетате градот. Исто така, романтичното возење со пајтон е посебно доживување кое засекогаш ќе ви остане во сеќавање.rnrnНеколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на МоцартrnrnУште една задолжителна „станица“ за време на шетањето е тврдината Хоенсалцбург, која датира од 11. век и на туристите им нуди поглед кон целиот град. Наполеон бил единствениот кој успеал да ја освои, благодарение на архиепископите кои му ги дале клучевите од тврдината и на тој начин ги спасиле своите животи.rnrnНеколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на МоцартrnrnГрадината Мирабел е една од најубавите и најпознатите градини во светот. Нејзината убавина ги привлекла и сценографите на филмот „Звукот на музиката“ (The Sound of Music), па некои од сцените во филмот се снимени токму тука.rnrnНеколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на МоцартrnrnЉубителите на пивото тука ќе уживаат максимално, бидејќи во Салцбург посебно се негува занаетот на правење пиво. Затоа не смеете да пропуштите посета на некоја од бројните пивници во градот. Најпознатата датира уште од 15. век, а покрај пиво, тука ќе можете да пробате и вкусни специјалитети како што се свинско ребро и колбаси.rnrnНеколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на МоцартrnrnДознајте и нешто повеќе за Виена, која пред неколку години беше прогласена за град во кој има најубав живот.