Омекнувачите постојат, како што налага и нивното име, за да ѝ дадат на облеката посебна мекост. Покрај тоа, тие на облеката ѝ даваат и прекрасен мирис, а еве уште 5 алтернативни начини на кои можете да ги употребите, а за кои сигурно досега не сте знаеле.rn
rn
1. Го освежува просторот
rnОмекнувачот може да биде и освежувач на просторот. Земете едно шишенце со распрскувач и наполнете го со вода и омекнувач (разредете го со водата во однос 1:3). Со таа течност напрскајте ги завесите, тепихот и другите ткаенини на кои сакате да им дадете поубав мирис. Исто така, со ваквиот раствор можете да ја освежите и внатрешноста на автомобилот.rn
2. Го отстранува статичкиот електрицитет
rnЗа да спречите прашината да се насобира на телевизорот или на другите пластични површини во домот, ставете на крпата за бришење неколку капки неразреден омекнувач и со неа избришете ги предметите. Со тоа ќе го спречите создавањето електрицитет кој ја привлекува прашината, а притоа ќе им дадете на предметите пријатен мирис.rn
3. Дава сјај на мазните површини
rnАко не можете да пронајдете средство кое дава сјај на мазните површини, омекнувачот може многу да ви помогне. Подгответе го ова средство на следниот начин: Помешајте чаша омекнувач со 4 чаши вода и ставете ја смесата во шише со распрскувач. Напрскајте ја крпата за прашина со средството и потоа со неа избришете ги стаклените површини, туш кабината или некои други мазни површини. Чистењето завршете го со сува крпа.rn
4. Отстранување на старите тапети
rnСо омекнувачот можете да ги отстраните и старите тапети на ѕидот. Направете мешавина од еден полн сад со омекнувач и 4 чаши вода. Потопете го сунѓерот во смесата и оставете го во неа 30 минути. Тапетите ќе ги отстраните без никакви тешкотии.rn
5. Ги омекнува четките за бојадисување на косата
rnЧетките за бојадисување на косата ќе ја здржат својата мекост, доколку после нивната употреба ги измиете во вода во која претходно сте ставиле неколку капки омекнувач.
