КАФЕ ПАУЗА

Научно потврдено: Луѓето кои се среќни на работа имаат најмногу секс

Научно потврдено: Луѓето кои се среќни на работа имаат најмногу секс

Луѓето честопати велат дека работата не треба да се носи дома. Но, зошто да не си го однесете домот на работа или да бидеме попрецизни: Да си ја однесете спалната соба во канцеларијата?rnrnНаучно потврдено: Луѓето кои се среќни на работа имаат најмногу сексrnrnНе велиме дека треба да имате секс со вашиот колега во канцеларија, туку дека треба да си ги задоволите потребите со вашиот партнер или партнерка дома ако сакате да бидете попродуктивни на работа. Така гласи советот на најновите истражувања.rnrnИмено, во истражувањето учествувале 159 вработени брачни парови кои две недели воделе дневник за нивните сексуални активности. Резултатите покажале дека луѓето подобро работеле, но и повеќе си ја сакале работата ако имале секс претходната вечер.rnrnСигурно веќе сте чуле дека сексот го подобрува расположението на луѓето, но ова е првото истражување кое потврдува дека постои директна врска меѓу водењето љубов и успехот во кариерата.rnrnСпоред сето ова, доколку сакате да добиете унапредување, ние ви советуваме да запалите свеќи, да пуштите романтична музика и да го изненадите партнерот или партнерката со совршена атмосфера за водење љубов.rnrnПо читањето на овој текст размислете што би ве направило посреќни: Да имате секс еднаш неделно или да заработувате повеќе?