Постои една карактерна особина што мажите и жените ја сметаат за подеднакво привлечна. Според истражувањето спроведено од страна на научниците од Универзитетот Квинсленд, станува збор за потребата прво да се задоволите себеси. И не мислиме на сексуалното задоволување, туку на потребата да го правите во животот она што вие сакате да го направите, без да дозволите туѓото мислење да ви влијае.rnrn
rnrnИстражувањето опфатило 115 студенти, а задачата била многу едноставна – тие требало да ја оценат привлечноста на одредени личности според фотографија и неколку наведени карактеристики. Карактеристиките биле соодветно смислени за да ги поделат луѓето во две категории, оние што се склони на правење тоа што другите ќе им го кажат и оние што се бунтуваат, односно што сами си го одбираат патот.rnrnИ мажите и жените многу голема предност им дале на оние што сами си носеле одлуки и што немале потреба да се прилагодуваат на туѓите желби.rnrnОва се одлични вести за независните момци и девојки што ги има во сè поголем број! Знаете како велат, ако самите не се направиме среќни, никој друг нема да може да го стори тоа за нас. Изгледа луѓето конечно сфаќаат дека ние сме одговорни за нашата судбина и дека самоувереноста е една од најдобрите карактеристики кога станува збор за освојување на момците и девојките во кои сме заинтересирани.rnrnПрочитајте ги и 3-те тајни тактики на жените кои можат да го освојат секој маж што ќе го посакаат!
Научниците ја дефинирале особината со која можете да ги освоите сите
