Низ историјата се случиле многу работи, но дали знаевте дека мамутите биле живи додека се граделе пирамидите? Има настани за кои нема да ви се верува дека се случиле во истиот временски период. Погледнете дел од нив…rn
1. НАСА ја истражувала вселената додека научниците ги истражувале тектонските плочи (1965)
rn
rnrnТеоријата за движењето на континентите прв пат била претставена во 1912 година. Научниците се смееле на ова мислење сè до 1965 година кога едно истражување ја потврдило оваа теорија. Во истата година, НАСА работела на програма за лансирање на летало во вселената. Програмата била завршена наредната година. Ова значи дека научниците ја истражувале вселената пред да знаат што се случува на Земјата.rn
2. Мамутите биле живи кога се граделе пирамидите во Египет (2660 п.н.е.)
rn
rnrnМал број мамути биле сè уште живи кога почнала изградбата на пирамидите во Египет.rn
3. Можело да се возите во метро кога било извршено последното јавно погубување во Англија (1868)
rn
rnrnПоследното јавно погубување во Англија било на 26 мај 1868 година. Првата метро станица во Лондон била изградена во 1865 година. Ова значи дека некои Англичани отишле со метро за да го гледаат погубувањето.rn
4. Затворениците пристигнале во Аушвиц еден ден по отворањето на првиот Мекдоналдс (1940)
rn
rnrnПрвиот Мекдоналдс ресторан бил отворен на 15 мај 1940 година. Само 5 дена подоцна, во Аушвиц пристигнале првите затвореници.rn
5. Фирмата Нинтендо била основана кога Џек Мевосек бил активен (1889)
rn
rnrnЈапонската фирма Нинтендо била основана на 23 септември 1889 година. Ова значи дека компанијата која стои зад Супер Марио работела во периодот кога легендарниот сериски убиец, Џек Мевосек, ги вршел своите злосторства.rn
6. „Војна на ѕвездите“ (Star Wars) бил прикажан во истата година со последното погубување со гилотина во Франција (1977)
rn
rnrnПоследното погубување со гилотина во Франција било на 10 септември 1977 година. Ова значи дека додека едни луѓе го гледале првиот филм од трилогијата „Војна на ѕвездите“, другите присуствувале на јавно погубување.rn
7. Жените во Швајцарија ги добиле нивните права истата година кога од САД пратиле ровер на месечината (1971)
rn
rnrnЖените во Швајцарија немале право да гласаат сѐ до 1971 година. Истата година од САД пратиле ровер на месечината кој бил возен од мажи, се разбира, но ова сепак е интересен контраст.rn
8. Компанијата Мајкрософт била основана додека Шпанија сè уште била фашистичка диктатура
rn
rnrnМајкрософт е основана од Пол Ален и Бил Гејтс во април, 1975 година. Во овој период во Шпанија сè уште владеел диктаторот Франциско Франко. За разлика од Германија или Италија, Шпанија не поминала низ процесот на „дефашизирање“ и фашизмот владеел до раните години на компјутерите.rn
9. Универзитетот Оксфорд постоел околу 100 години пред Ацтеките (1428)
rn
rnrnИсторичарите сметаат дека 1428 година е првата година од владеењето на империјата на Ацтеките. Тоа значи дека универзитетот Оксфорд во Англија е стотици години постар од нив. Учењето на Универзитетот започнало околу 1096-тата година, но од 1167-мата многу побрзо се развивало.rnrnПрочитајте и нешто за историјата на Интернетот.