Автор: Ана ПетровиќrnrnДоколку не сакате да трошите богатство на козметички препарати, секогаш постои алтернатива сами да си ги припремите. Еве како лесно и евтино да направите сјај за усни во каква боја и да посакате.rnrn
rnrnСè што ви е потребно е само вазелин и сенка за очи или руменило, во зависност од бојата што сакате да ја постигнете. Ваквиот сјај е потполно безбеден за вашите усни: вазелинот обезбедува хидратација, а пигментите од сенките за очи и онака често се користат во купечките кармини и сјаеви.rnrnНачинот на подготовка е едноставен – иситнете ја сенката во прав, добро промешајте ја со вазелинот и ставете ја смесата во компактно кутиче за полесна употреба (на пример кутиче од леќи).rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.