Растенијата не само што ги разубавуваат вашата соба и градината, туку и го прочистуваат воздухот. Но, зошто вашите цвеќиња да ги засадувате во некоја досадна саксија кога вие самите можете со малку труд да изработите супер слатка саксија?! За оваа саксија ќе ви бидат потребни материјали кои веќе ги имате на располагање, па затоа засукајте ги ракавите и започнете.rnrn
rn
Потребни материјали:
rn
- rn011
- Празно шише од 2 литри (зависи колкаво е вашето цвеќе)
- Спреј во бела боја
- Перманентни маркери (црн и розов)
- Мал нож
- Цвеќе (по можност мало или кое било друго растение што сакате да го засадите)
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn
Инструкции:
rnЧекор 1: Исчистете го шишето и одлепете ја налепницатаrnrnОткако внимателно ќе ја извадите налепницата од шишето, убаво исчистете го и пребришете го со сува крпа.rnrnЧекор 2: Нацртајте ги надворешните црти на мачето вклучувајќи ги и ушитеrnrnПретпазливо нацртајте ги надворешните линии на мачето. За да знаете колку длабока треба да биде саксијата најдобро измерете го вашето цвеќе и оставете неколку сантиметри над таа длабочина. Вака ќе бидете сигурни дека цвеќето совршено ќе биде покриено.rnrn
rnrnЧекор 3: Додадете два триаголници за ушитеrnrnКога ќе измерите колку треба да биде длабока, нацртајте два триаголници кои ќе претставуваат уши.rnrnЧекор 4: Исечете го шишето следејќи ги претходно нацртаните линииrnrnСо помош на ножот исечете го шишето по претходно нацртаните линии. Ве предупредуваме да бидете внимателни! Пластичните шишиња може да бидат лизгави и може да се повредите. За секој случај може да носите ракавици кои ќе ве заштитат од какви било незгоди.rnrn
rnrnЧекор 5: Подгответе се за боењеrnrnЗа да ги избегнете несаканите траги од спрејот, погрижете се работната маса или пак подот да го покриете со стари весници.rnrnЧекор 6: Испрскајте ја саксијатаrnrnПротресете го шишето и испрскајте ја саксијата од сите страни. За најдобри резултати оставете ја да се исуши преку ноќ. За да нема недостатоци, повторете ја постапката сè додека не го добиете посакуваниот резултат.rnrn
rnrnЧекор 7: Нацртајте ги деталите на мачетоrnrnКога ќе се исуши белата боја, земете го црниот маркер и нацртајте ги мустаќите, устата и очите. Земете го розовиот и нацртајте ги носот и ушите.rnrnЧекор 8: Засадете го вашето цвеќе во новата слатка саксија со лик на мачеrnrnВнимателно засадете го вашето цвеќе. Кога ќе го завршите тоа, погрижете се да го наместите на место каде што ќе има доволно сончева светлина. Одлично завршена работа!rnrn