Направете сами: Интересен лустер со коноп и топка за на плажа

Сподели

Доколку обожавате сами по дома да си правите интересни работи, тогаш овој лустер многу ќе ви се допадне. За да го направите не ви требаат ниту многу пари, ниту многу време.

Реклама

rn

Работи кои ви се потребни:

rn

    rn011

  • топка за на плажа
  • rn011

  • лепило
  • rn011

  • коноп
  • rn

rnНајпрво лепилото измешајте го со малку вода и потопете го конопот во смесата. Најдобро е да користите ракавици за една употреба за да си ги заштитите рацете. Напумпајте ја добро топката и нацртајте круг околу вентилот.

Почнете да го мотате конопот околу топката до означениот дел, без притоа да се држите до некоја однапред утврдена шема. Треба само да внимавате да оставате и празен простор за светлината да продира низ дупките.

Откако ќе завршите, оставете ја топката на страна неколку часа, за конопот да се исуши. Потоа, издишете ја топката и извадете ја низ празниот простор.

Крајниот резултат е интересен и може одлично да се вклопи во вашиот дом.

Содржина /затвори

Најново

Може ќе ве интересира