КАФЕ ПАУЗА

Најстрашните работи на светот што навистина постојат

Најстрашните работи на светот што навистина постојат

rn

Океанот

rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnДоколку некогаш сте седеле на плажа со океан, сигурно ви се појавиле многу измешани чувства. Нагоре има празен простор, ѕвезди и цел универзум. Надолу има чудовишта, бранови и огромни длабочини. На двата краја има непознати и страшни средини кои би можеле да ве убијат додека да трепнете. Истовремено, вие седите на топол песок и целата цивилизација се наоѓа точно зад вас. Кога ќе се земе сето ова предвид, океаните се навистина мистериозни и страшни водни површини.rn

Крлежот што ќе ве претвори во вегетаријанци

rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnКрлежот познат под латинското име Amblyomma americanum може да ви го уништи целото лето со тоа што ќе го смени начинот на кој телото ви реагира на црвено месо. Ова се можеби одлични вести за вегетаријанците, но љубителите на месо дефинитивно не би сакале да дојдат до контакт со ваков крлеж.rn

Сериски убијци

rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnИма многу сериски убијци кои никогаш не биле фатени. Иако во нашата земја сериските убијци не се толку честа појава, сепак не можеме да бидеме сигурни дека медиумите ни пренесуваат сѐ што се случува. Убиства се случуваат насекаде низ светот и самата помисла на тоа е многу застрашувачка.rn

Прионски болести

rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnПрионските болести се предизвикани од протеин кој се претвора во абнормална форма наречена прион. Тој го напаѓа нервниот систем и предизвикува појава на други приони чиј број постојано се зголемува. Кога бројот на прионите ќе стане доволно голем, болеста почнува да се манифестира. Кравјото лудило и фаталната инсомнија спаѓаат во групата на прионски болести. Иако прионските болести се многу ретки, тоа не ги прави помалку страшни.rn

Долгови

rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnРечиси не постои човек кој нема долгови. Луѓето постојано земаат кредити чии камати се зголемуваат, ги ставаат куќите под хипотеки и им треба многу време за да ги исплатат. Многумина го поминуваат целиот живот во исплаќање кредити и хипотеки. Платите се мали, а условите за работа ужасни, па затоа не е ни чудно тоа што долговите се најголемиот кошмар на современото општество.rn

Човештвото

rnНајстрашните работи на светот што навистина постојатrnrnЛуѓето се пострашни од кое било друго суштество во природната средина. Ние создаваме нуклеарни оружја, измислуваме болести за да се убиеме меѓусебно, убиваме, силуваме, ја уништуваме нашата планета, ги мачиме животните, си ги тепаме децата и се малтретираме на најужасните можни начини и потоа ги гледаме сите овие работи на телевизија, читаме за нив на Интернет и во весници, пишуваме песни и сето тоа го правиме своеволно. Своеволно си ги правиме сите овие работи еден на друг и на светот во кој живееме иако знаеме дека тоа е погрешно. Луѓето се дефинитивно најстрашното нешто што постои на светот.rnrnДоколку сте расположени за уште малку хорор, погледнете ги најстрашните суштества фатени на камера.