Овој мачор, кој е кандидат да биде најстариот од својот вид во светот, го прослави 31-от роденден, што е еквивалентно на 141 човечка година. Неговото име е Натмег (што во превод значи морско оревче), а тој ги одбрал неговите домаќини појавувајќи се во нивниот двор пред околу 26 години.rn
„Тој владее со куќата и е апсолутно прекрасен“, велат неговите сопственици.
rn
rnrnСопствениците, Лиз и Иан Финли, го посвоиле мачорот во 1990 година, бидејќи како скитник се спријателил со мачето кое веќе го чувале – Спајс. Кога тие го однеле Натмег во локалното место за заштита на мачки за да го третираат чирот кој го имал на вратот, од таму им рекле дека тој е стар најмалку пет години. Ова би направило Натмег да биде најстарото маче во светот, но, за да се квалификува за Гинисовата книга на рекорди, неговите сопственици треба да покажат документи што му ги потврдуваат годините. Сега за сега им оди малку потешко, но работат на тоа.rn
„Тој е многу размазен… Секое утро доаѓа во 5 часот, па ние се будиме и го храниме.“
rnМинатата година Натмег доживеал сериозен удар, но сега е оздравен и посилен, со што прави останатите да се прашуваат колку животи има овој мачор.rnrn
rn
„Тој не е наш мачор, ние сме негови луѓе. Можеби тоа е тајната за неговиот долг и среќен живот“, велат сопствениците на Натмег.
rnПогледнете ги следниве фотографии и запознајте се со овој прекрасен мачор на кој се чини дека му остануваат уште многу години живот.rnrn






