КАФЕ ПАУЗА

Најпознатите мудрости за модата и стилот

Автор: Софија СионоваrnrnДизајнерите се сметаат за неверојатно креативни луѓе, но освен со материјалите тие добро се снаоѓаат и со зборовите.rnrn1-najpoznatite-mudrosti-za-modata-i-stilot-kafepauza.mk
rn

„Пред да излезете од домот, погледнете се во огледало и отстранете еден моден додаток.“ – Коко Шанел

rn

„Дајте ѝ ги на жена вистинските чевли и таа ќе го освои светот.“ – Мерлин Монро

rn

„Презирам нарцизам, но одобрувам суетност.“ – Дијана Вриланд

rn

„Женскиот фустан треба да биде како бодликава жица: да си ја врши функцијата без да го попречува видикот.“ – Софија Лорен

rn

„Облеката не значи ништо, додека некој не почне да ја носи.“ – Марк Џејкобс

rn

„Никогаш не можете претерано да се грижите за изборот на вашите чевли. Премногу жени сметаат дека тие не се важни, но вистинскиот доказ за елегантна жена е она што таа го носи на своите нозе.“ – Кристијан Диор

rn

„Модата е oна што се нуди четири пати годишно од страна на дизајнерите. Стилот е она што вие ќе го изберете.“ – Лорен Хитон

rn

„Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот.“ – Хјуберт  де Живанши

rn

„Јас знам што сакаат жените. Тие сакаат да се убави.“ – Валентино Гаравани

rn

„Луѓето ќе се ѕверат, дајте им добра причина.“ – Хери Винстон

rn2-najpoznatite-mudrosti-za-modata-i-stilot-kafepauza.mk
rn

„Луксузот е удобност на маичка во форма на многу скап фустан.“ – Карл Лагерфилд

rn

„Елеганцијата е елиминација.“ – Кристобал Баленсиага

rn

„Стилот е она што имате да го кажете без потреба да зборувате.“ – Рејчел Зои

rn

„Мажите ми кажуваат дека сум го спасил нивниот брак. Плаќаат многу за чевлите, но сепак тоа е поевтино од развод. Значи како што гледате, сепак сум корисен.“ – Маноло Бланик

rn3-najpoznatite-mudrosti-za-modata-i-stilot-kafepauza.mk
rn

„Ставот е сѐ.“ – Дајен вон Фурстенберг

rn

„Елеганцијата не е да се истакнеш, туку да бидеш запомнет.“ – Џорџо Армани

rn

„Никогаш не смееме да ја помешаме елеганцијата со снобизмот.“ – Ив Сен Лорен

rn

„Вашиот фустан мора да биде доволно тесен за да покаже дека сте жена и доволно лабав за да покаже дека сте дама.“ – Едит Хед

rn

„Во модата најтешко е да те запомнат според силуетата, а не според логото.“ – Џамбатиста Вали

rn

„Облеката е како добар оброк, добар филм или пак добра музика.“ – Мајкл Корс

rn

„На големите девојки им требаат големи дијаманти.“ – Елизабет Тејлор

rn

„Посакувам јас да ги измислев фармерките: најспектакуларните, најпрактичните, најрелаксирачките и ноншалантни. Тие имаат израз, скромност, сексапил, привлечност, едноставност – сѐ што се надевам дека мојата облека има.“ – Ив Сен Лорен


rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.