КАФЕ ПАУЗА

Најпознати љубовни парови во историјата

Најпознати љубовни парови во историјата

Автор: Горана КоневскаrnrnВерувате ли во вистинска љубов? Верувате во љубов на прв поглед? А дали верувате во вечна љубов? Можеби овие љубовни приказни ќе ви ја обноват вербата во љубовта. Ова се најпознатите љубовни стории во историјата и во литературата кои вечно ќе се паметат.rn

Ромео и Јулија

rnОва е веројатно најпознатиот и најпопуларен пар на сите времиња. Самата љубовна двојка претставува синоним за љубов. Приказната за Ромео и Јулија всушност се базира на вистински ликови и повеќе автори се обиделе да ја пренесат на парче хартија, но трагедијата напишана од страна на Вилијам Шекспир е најпозната. Оваа љубовна приказна е навистина трагична. Приказна за двајца тинејџери чии фамилии се скарани, а тие се заљубуваат на прв поглед… Потоа тајно се венчаат и ги ризикуваат своите животи во име на љубовта.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

Клеопатра и Марк Ентони

rnЉубовната сторија за Клеопатра и Марко Антониј е една од најинтригантните приказни во историјата. Нивната врска е вистински тест за љубовта. Врската помеѓу овие две моќни личности го ставиле Египет во многу моќна позиција, а нивната љубовна афера ги предизвикала Римјаните, кои биле претпазливи во однос на моќите на оваа држава. И покрај сите закани, Клеопатра и Марко Антониј се венчале. Се вели дека за време на борбата против Римјаните, Антониј добил лажни вести за смртта на Клеопатра. Избезумен од лошите вести, тој си го одзел животот со мечот. Откако Клеопатра ги добила вестите за смртта на Антониј, паднала во голем шок, по кој и таа си го одзела животот. Големата љубов носи и големи жртви.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

Ланселот и Гвинивер

rnТрагичната љубов на Сер Ланселот и Кралицата Гвинивер е најверојатно една од најраскажуваните легенди. Ланселот се вљубил во Кралицата Гвинивер, жената на Кралот Артур. Нивната љубов полека прераснувала во голема страст и така тие станале љубовници.rnrnЕдна вечер, Сер Аграваин и Сер Модфред (внуци на Кралот Артур) довеле група од 12 витези пред одаите на Гвинивер каде го фатиле овој љубовен пар. Сер Ланселот многу брзо избегал од местото, но Гвинивер ја немала таа среќа. Таа била заробена и осудена на смрт за нејзиното предавство. Според пресудата таа требала да биде ставена на клада и запалена. Сер Ланселот се вратил неколку дена подоцна за да ја спаси својата сакана. Оваа тажна афера ги поделила витезите на Тркалезната маса и го ослабнала кралството на Крал Артур. Ланселот бил прогонет и го поминал остатокот од својот живот како бездомник, додека Гвинивер станала калуѓерка и останала да живее затворена во манастир до својата смрт.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

Тристан и Изолда

rnЉубовната сторија на Тристан и Изолда е раскажувана и прераскажувана на многу различни начини. Истата се појавува во времето на владеењето на кралот Артур. Изолда била ќерка на кралот на Ирска и била верена за кралот Марк од Корнвол. Кралот Марк го пратил неговиот внук, Тристан во Ирска за да ја придружи Изолда на патот до новиот дом. За време на патувањето Тристан и Изолда се вљубиле. И покрај тоа, Изолда се омажила за кралот Марк, но не можела да ù одолее на љубовта која ја имала кон Тристан. Нивната љубовна афера продолжила и за време на нејзиниот брак.rnrnКога кралот Марк дознал за аферата, ù простил за Изолда, но Тристан бил прогонет од Корнвол. Заминал далеку и запознал девојка чие име било Исолт, кое е многу слично име на она на неговата љубов, Изолда, и се оженил со нејзе. Но, бракот не сакал никогаш да го прифати, од преголема љубов кон неговата „вистинска“ Изолда. По некое време паднал тешко болен и ја повикал Изолда да го излечи. Ѝ кажал дека ако прифати да дојде, кога ќе пристигнува едрата на бродот да бидат бели, а доколку не прифати, да бидат црни. Кога неговата сопруга ги видела белите едра во далечина, го излажала Тристан дека се црни и тој починал. Кога пристигнала Изолда, запаѓајќи во тешка тага, починала од скршено срце.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

Париз и Елена

rnГрчката легенда за Елена од Троја и Тројанската војна е комбинација од историски факти и фантастика. Елена од Троја се смета за една од најубавите жени во целата литература. Таа била мажена за Менелај, кралот на Спарта. Но, Париз, син на кралот Приам од Троја, се заљубил во Елена и ја грабнал. За да ја вратат Елена, Грците собрале голема армија, која била водена од страна на братот на Менелај – Агамемнон. После долги години, борби и жртви, на крајот Троја била уништена. Елена се вратила безбедно во Спарта, каде останала да живее со Менелај до крајот на својот живот.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

Наполеон и Жозефина

rnНаполеон, на 26-годишна возраст стапил во брак со убавата Жозефина, жена од семејство од високата класа. Иако бракот бил однапред договорен, Наполеон со текот на времето длабоко се заљубувал во Жозефина, а и таа во него. Иако тоа не спречило да се појави прељуба од обете страни, сепак нивната взаемна почит го одржала бракот, а нивната разгорувачка страст никогаш не избледела. За жал тие се разделиле, бидејќи Жозефина не можела да му подари наследник. Но, иако разделени, тие до крајот на своите животи ја носеле во себе љубовта и страста еден за друг.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

Кралицата Викторија и Принцот Алберт

rnОваа љубовна приказна е за двајца припадници на англиското кралското семејство, поточно за жена која жали за смртта на својот сопруг, повеќе од 40 години. Викторија била весела девојка, голем љубител на цртањето и сликањето. Таа застанала на престолот на Англија во 1837 година по смртта на нејзиниот чичко, кралот Вилијам IV. Во 1840, се омажила за принцот Алберт Сакс-Кобург-Гота. Во прво време принцот Алберт не бил популарен во одредени кругови, бидејќи бил Германец, но полека луѓето почнале да му се восхитуваат поради неговата чесност, трудољубивост и неговата преданост кон своето семејство.rnrnДвојката имала девет деца. Викторија чувствувала голема љубов и приврзаност кон принцот Алберт, а и секогаш ги слушала неговите совети во врска со државните работи, особено за дипломатија. Кога Алберт починал во 1861 година, Викторија била уништена. Таа не се појавила во јавноста цели три години. Нејзината континуирана изолација генерирала значителна јавна критика, а биле направени и неколку обиди за атентат врз нејзе. Сепак, под влијание на премиерот Бенџамин, Викторија продолжила со јавниот живот и го отворила Парламентот во 1866 година. Но, никогаш не престанала да жали по својот сакан принц и била облечена во црно сè до нејзината смрт во 1901 година. Во текот на нејзиното владеење, најдолго во англиската историја, Велика Британија станала светска сила.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

Шах Јахан и Мумтаз Махал

rnВо 1612 година, една тинејџерка по име Арџуманд Бано Бегум, се омажила со 15-годишниот Шах Јахан, владетел на империјата Мугхал. Таа била прекрстена во Мумтаз Махал и му родила 14 деца, со што му станала негова најомилена сопруга.rnrnПо смртта на Мумтаз во 1629 година, императорот решил за својата огромна и непрежалена љубов да изгради споменик. Биле потребни повеќе од 20.000 работници и 1.000 слонови, за во период од 20 години да биде завршен овој споменик (Таџ Махал). За жал, Шах Јахан не бил во можност да го заврши мавзолејот од црн мермер кој го планирал за себе. Симнат од тронот (од страна на неговиот син), Шах Јахан бил затворен во Форт Ред на Агра, поминувајќи долги и осамени часови, гледајќи од другата страна на реката Јамуна, во споменикот на неговата сакана кралица. Бил погребан покрај неа во Таџ Махал.rnrnНајпознати љубовни парови во историјатаrn

Салим и Анаркали

rnОваа трогателна приказна е позната и раскажувана ширум светот. Салим, син на големиот император на Акбар – Мугхал, се вљубил во обична, но прекрасна куртизана по име Анаркали. Хипнотизиран од нејзината убавина, тој се вљубил на прв поглед.rnrnНо, императорот не можел да се помири со фактот дека неговиот син бил вљубен во обична куртизана. Почнал да врши притисок врз Анаркали, смислувајќи најразлични тактики пред неговиот син за да ја оцрни. Кога Салим го увидел тоа, прогласил војна против својот татко. Но, големиот император поседувал огромна армија со која младиот принц не можел да се справи. На крајот тој бил поразен и осуден на смрт. Во тој момент Анаркали интервенирала и ја одрекла својата љубов, за да го спаси својот сакан од смртта. Била погребана жива во ѕид од тули, точно пред очите на својот сакан.rnrnНајпознати љубовни парови во историјата
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.