КАФЕ ПАУЗА

Најмладите деца во семејството мислат дека се најсмешни

Најмладите деца во семејството мислат дека се најзабавни

Многумина ќе се согласат дека најмладите деца во семејството секогаш добиваат посебно внимание од страна на родителите, а едно истражување од 2018-та дури и го докажува тоа. Според друго истражување, најмалите деца себеси се сметаат за најсмешни.rnrnНајмладите деца во семејството мислат дека се најзабавниrnrnБританската фирма „Јутгов“ во 2015-та година направила анкета врз над 1.500 Британци кои имаат барем еден брат или сестра. Резултатите покажуваат дека 46% од испитаниците кои се најмлади деца во своето семејство тврделе дека имаат поголема смисла за хумор од своите браќа или сестри. Од друга страна, само 36% од оние испитаници кои се најстари деца го сметале истото.rnrnИстото истражување покажало и дека најмладите деца се и најбезгрижни. 42% од нив кажале дека се порелаксирани од нивните браќа или сестри, но само 31% сметале дека се поодговорни. Кај најстарите деца, 54% се сметале за поодговорни.rnrnВо истата анкета, 17% од оние кои се најмлади деца кажале дека сметаат дека се омилени кај родителите, додека само 10% од оние кои се најстари деца го чувствувале истото.rnrnПогледнете и како да ги научите децата да бидат позитивни.