КАФЕ ПАУЗА

Најголемата камера од 1900-та година што тежела 635 килограми

Најголемата камера од 1900-та што тежела 635 килограми

За да ви стане јасно колку всушност напреднала технологијата на фотографирањето изминативе 100 години, само погледнете ја огромната камера од 1900-та година користена за фотографирање на воз.rnrnНајголемата камера од 1900-та што тежела 635 килограмиrnrnКако што можеме да заклучиме од историјата на камерата, не било отсекогаш едноставно да излезете и да направите фотографија. Па, кога компанијата „Chicago & Alton“ направила нов воз во 1899-та година, им била потребна нова технологија за да го фотографираат.rnrnБидејќи кај возот сакале да го истакнат неговиот симетричен дизајн, тие сметале дека една панорамска фотографија би бил најдобриот начин да ја прикажат целата негова убавина. Фотографот на компанијата Џорџ Р. Лоренс верувал дека најдобриот начин да се постигне овој резултат е да се фотографираат одделни делови, а потоа да се спојат додека се печатат фотографиите. Но, оваа техника давала искривен резултат, па сметајќи дека технологијата е доволно напредна одлучиле да пробаат да користат една лента за фотографијата.rnrnНајголемата камера од 1900-та што тежела 635 килограмиrnrnЗамислете, за да ја добие посакуваната фотографија со должина од 2,4 метри, Лоренс требало да употреби лента 3 пати поголема од оние што ги користел претходно. Но, тој сакал да ја заврши работата и решил да ја изгради најголемата камера на светот. Па така, по два и пол месеци, во Чикаго настанала камерата тешка 635 килограми.rnrnЗа да се фокусира со овој џин, зад камерата биле поставени две леќи на шини кои се движеле напред-назад. Делот од камерата што изгледа како хармоника бил поделен на 4 делови и бил сместен на мали тркала на шина. Леќите биле најголемите што биле направени дотогаш и за управување на камерата биле потребни 15 работници.rnrnНајголемата камера од 1900-та што тежела 635 килограмиrnrnИ самото пренесување на камерата од Чикаго било вистинска авантура. Расклопената камера била товарена во кочија, потоа на воз, и на крајот била составена на местото на фотографирање. Крајниот резултат покажал дека трудот не бил залуден и денес фотографиите се чуваат во Историското здружение на Индијана.rnrnПо некое време, фотографиите од „Најзгодниот воз на светот“ биле изложени и во Париз. Резултатите биле толку неверојатни што надлежните во компанијата требало да потпишат изјави за да може фотографијата да биде наречена како најголема во светот. На крај, Лоренс добил и награда за неговото дело.rnrnДали ги имате видено овие ретки фотографии од минатото?