КАФЕ ПАУЗА

Најдобрите книжарници во светот

Најдобрите книжарници во светот

За сите оние кои се заљубени во пишаниот збор, ги препорачуваме најдобрите места каде можат да се опуштат со книга во раце во несекојдневен, а истовремено пријатен амбиент.rn

1. Селексиз (Selexyz)

rnДоколку се наоѓате во Холандија, вреди да се посети една од најимпозантните книжарници во светот. Архитектите Меркс и Гирод, успеале Доминиканската црква стара 800 години, да ја претворат во вистинско место за сите обожаватели на книгата. Задржувајќи го стариот шарм на црквата, создале модерна книжарница која претставува една од најголемите ризници на книги на англиски јазик во Мастрихт, еден од најстарите градови во Холандија.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

2. Книжарница Лело (Livraria Lello)

rnКнижарницата Лело се наоѓа во Порто, Португалија. Отворена во 1906 година, воодушевува со својот прекрасен амбиент декориран во готски стил. Прекрасните црвени скали поставени во центарот на книжарницата, го прават ова место да биде уникатно и задолжително да се посети.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

3. Готви и читај (Cook & Book)

rnКнижарницата во Брисел е вистински спој на оние кои се страсни читатели, а истовремено ја сакаат храната. „Cook & Book“ е комплекс кој се состои од 9 помали книжарници и огромен ресторан под два крова. Интересно кај оваа книжарница е тоа што секој помал дел од неа си има своја тема како: патување, музика, уметност. Дополнително, во секоја од овие посебни книжарници ќе доживеете соодветно послужување на храната. Едно од нештата за кои вреди да се види оваа книжарница се и поставените „летечки книги“.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

4. Атенаум (El Ateneo)

rnЗамислете опуштено да читате во театарска ложа? Ова несекојдневно искуство ви го нуди книжарницата во Буенос Аирес, Аргентина. Прекрасниот некогашен театар кој остава без здив, денес е претворен во книжарница во која можете да направите кафе пауза на местото каде била некогашната сцена.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

5. Детска република (Kid’s Republic)

rnДетската република во Кина е една од најмодерните книжарници за деца во светот. Обоена во боите на виножитото, им помага децата подобро да ја изразат својата креативност и имагинација. Во неа постојат посебни кружни места каде децата опуштено можат да прочитаат една од своите омилени бајки.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

6. Шекспир и компанија (Shakespeare & Company)

rnВо градот на љубовта, Париз, можете да ја посетите книжарницата во која голем дел од своето време поминувале познатите писатели како Ернест Хемингвеј, Езра Понд, Ф.Скот Фицџералд. Доколку сте вљубеници во англиската литература, ова место нуди опуштена и топла атмосфера за своите читатели.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

7. Американски центар на книгата (American Book Center)

rnАмериканскиот центар на книгата е втората најголема книжарница во светот која се наоѓа во Холандија. Со огромниот избор на книги што ги нуди, е вистински рај за сите љубители на читањето.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

8. Книжарница Село (Livraria da Vila)

rnОваа книжарница се наоѓа во Бразил, во градот Сао Паоло. Поставена на 2 нивоа со површина од 2.300 метри квадратни е карактеристична по пријатните и интересни катчиња за читање. За децата има дизајнирано посебна просторија каде можат да читаат и играат.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

9. Книжен молец (Bookworm)

rnКнижарницата Букворм е вистински хит во Кина. Со 16.112 наслови на книги, ги примамува сите оние кои се заљубени во пишаниот збор. Освен добрата книга, таа претставува и место каде посетителите можат да испијат добро кафе, да се видат со некој од своите пријатели или едноставно да си проверат мејл. Магичната атмосфера на ентериерот ја надополнуваат „лебдечки свеќи“, кои придонесуваат просторот да биде попријатен за своите посетители.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

10. Кафе-книжарница Нишало (Cafebreria El Pendulo)

rnОва е уникатно место во Мексико Сити, нешто помеѓу бар, кафетерија и книжарница, каде често сакаат да доаѓаат вљубениците во културата и уметноста. Тоа е мал простор во кој има жива музика во периодот од 7.30 до 11.30. Ова е одлично место каде што можете да дојдете на парче торта, шолја капучино и да читате книга додека во позадина слушате музика во живо.rnrnНајдобрите книжарници во светот
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.