Белиот мачор Мјау, најверојатно е најдебелиот мачор кој некогаш сте го виделе. Верувале или не, тој тежи нешто повеќе од 18 килограми. Неговиот поранешен сопственик има 87 години и бидејќи не можел повеќе да се грижи за него, го оставил во прифатилиште за животни во Санта Фе. Таму ветеринарите ќе се обидат да го вратат во форма и да му најдат нов сопственик. Мачорот ќе мора да смали најмалку 5 килограми за да може да му се најде нов сопственик.
rn
„Мачорот е многу дебел, но е многу сладок и сака да се гали. Тоа веднаш се забележува.“ – вели еден од вработените во прифатилиштето.
rnМјау кој е стар само 2 години, моментално не може да си игра ниту пак го собира низ специјалните отвори на вратите за мачки. Тој цело време само лежи. За вработените во прифатилиштето сè уште е енигма со што го хранел претходниот сопственик, за да го доведе во оваа положба.
Токму затоа во наредниот период Мјау ќе биде на ригорозна диета и на специјална фитнес-програма, за повторно да се врати во форма.rnrn
rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
