КАФЕ ПАУЗА

Најчесто употребуваните „бели“ лаги

Најчесто употребуваните бели лаги

Откривањето дека некој близок човек не излажал е ужасно чувство. Но, белите лаги обично поминуваат небаре се вистини, а за волја на вистината, на сите така ни е поубаво. Обидот да си поминеме полесно во одредени ситуации, често го зачинуваме со по некоја бела лага и многупати тоа ни успева. Сепак, иако навидум лесни и незначителни, во даден момент и тоа како можат да нанесат голема штета. Ова се неколку од најчесто користените бели лаги.rnrnНајчесто употребуваните бели лагиrn

1. Бели лаги во вашето CV

rnНабројувањето способности и јазици кои не ги говорите се најчестите злоупотреби во пишувањето на вашето резиме. Секако, сметате дека работодавецот ќе се воодушеви од долгата листа на набројани работи и дека нема да му текне да се заморува проверувајќи ги. Но, не надевајте се дека секаде туку така ќе си пројдете, во иднина некаде со сигурност ќе се сопнете.rn

2. „Еве идам! За 5 минути сум таму…“

rnОва со сигурност е најкористената лага од сите. Навиката да се излаже во ситуација кога доцните некаде, доаѓа природно од проста причина што сакате оној кој ве чека да се чувствува посмирено во тој период. Секако, доколку не стигнете во тие 5 минути само му ја зголемувате лутината уште повеќе, бидејќи несвесно сте го извисиле и по вторпат. Доколку често ви се случува да ја кажувате оваа бела лага, во друштвото засекогаш ќе бидете етикетирани како човекот кој никогаш не стигнува во договореното време.rn

3. „Во средно бев многу популарен…“

rnДоколку за време на средното образование сте биле помирна и не толку забележителна личност, најверојатно раскажувајќи потоа, ќе си додадете некој детаљ за да изгледате покул отколку што сте биле. Тоа нема да го промени минатото и она што сте биле, но во сегашноста и во муабетот сигурно ќе изгледате поинтересни. Во секој случај, секој преувеличува одредени ситуации од својот живот, но претерувањето само покажува дека потиснувате нешто од што не сте задоволни.rnНајчесто употребуваните бели лагиrn

4. „Мммм, многу е вкусно…“

rnКога некој ќе вложи труд приготвувајќи ви нешто со голема љубов, едноставно срцето не ви дава да му кажете дека не го направил баш како што треба. Понекогаш знаете дека е подобро да одглумите дека уживате, само за да не ги повредите чувствата на вашиот близок.rn

5. „Супер ти стои фустанот…“

rnНиту една девојка не би излегла облечена во нешто за што смета дека не ѝ стои убаво, па токму затоа и не цени кога некој ќе ја излаже и нема да и признае искрено дека нешто не е во ред. Не мора да кажете директно што мислите, но во секој случај оваа навидум невина бела лага, може навистина да предизвика посериозен проблем. Ова важи и за момчињата, но не во толкава мерка колку за девојките и секако не за фустан.rn

6. „Ти си најзгодниот/та со кој/а сум бил…“

rnОва се препорачува да се кажува само во случај кога искрено се мисли, бидејќи не може да се вброи во оние „добри“ бели лаги. Луѓето ја кажуваат оваа реченица најчесто за да избегнат конфликт, бидејќи ако одговорат поинаку од она што сака да го чуе другата страна, ќе следи неколкучасовна расправија.rnrnНајчесто употребуваните бели лагиrn

7. „Се обидов да ти се јавам, ама зафатена беше линијата…“

rnСите понекогаш забораваме нешто. Тоа се случува и воопшто не е чудно доколку заборавите да му се јавите или да му пишете порака некому. Тој од другата страна, „заборавениот“, со сигурност ќе ви прокоментира нешто следниот пат кога ќе ве види или кога тој ќе ви се јави, а вие како и сите останати луѓе, ќе пробате да се извлечете на полесниот начин. Со тоа само си оставате простор наредниот пат повторно да изумите.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.