Славните личности заработуваат огромни пари. Тие имаат дневница, а понекогаш и саатнина поголема од парите кој еден просечен Македонец ги заработува годишно. Токму поради овој факт тие си дозволуваат сè што ќе им се посака. Ова се неколку трошачки бисери на неколку славни личности.
rn
Ештон Кучер
rnГлумецот плати 200.000 американски долари за да појде во вселената. Тој тоа ќе го направи преку компанијата „Virgin Galactic“. Не е точно познато кога ќе го стори тоа, но се знае дека тој е 500-ти на листата. Летовите ќе започнат во 2013 година.rnrn
Бијонсе
rnЌерката на Бијонсе, Блу Ајви Картер, иако е стара само неколку месеци, сопственик е на када обложена со розови кристали од „Сваровски“. Кадата е дело на дизјанерката Лори Гарднер, која не може да потврди колку часови има изгубено лепејќи ги 44.928-те розови кристали. Цената на оваа када е 7.000 американски долари.rnrn
Тамара Еклстон
rnТамара, ќерката на шефот на Ф1, Берни Еклстон, исто така се бања во када обложена со кристали. Нејзината када е обложена со горски кристали, а за неа таа издвоила 800.000 американски долари.rnrn
Доналд Трамп
rnБидејќи бил незадоволен од фактот дека поседува само еден авион, тој решил да го откупи авионот на еден од основачите на „Мајкрософт“, Пол Ален. Тој го купил неговиот Боинг 757, целосно го реновирал, па така авионот сега има златно купатило, златни сигурносни појаси и мотор од Ролс Ројс. Сè вкупно – 100 милиони долари.rnrn
Џорџ Лукас
rnНајпрво тој купи ранч вреден 100 милиони долари, а потоа и цела противпожарна бригада која ќе се грижи за тој огромен имот. Сега тој има вработено 12 пожарникари, има 2 возила за гасење пожар, а таму работат и неколку волонтери.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
