Месечевиот колач (mooncake) е традиционална кинеска пекарска слатка, но денес постана популарна ширум светот, а нејзиниот изглед и состав целосно се прилагодени на современиот стил на живеење и вкусот на поединците.rnrn
rnrnКинезите имаат обичај да го јадат месечевиот колач додека го прославуваат Празникот на полната месечина, кој според кинескиот лунарен календар, оваа година е на 15 август (22 септември).rnrnОвој колач го симболизира обединувањето на роднините, бидејќи изговорот на зборот округло звучи исто како зборот обединување. Воедно, месечевиот колач е важен подарок за пријателите. На почетокот овие колачи се правеле дома. Во минатиот век била основани работилници за месечеви колачи така што денес има многу различни врсти и се прават со бројни преубави цртежи на нив.rnrnТрадиционалниот месечев колач е кружен, има пречник од 10 см и дебелина од 3-4 см. Обично се јаде со чај.rnrnПовеќето се состојат од тенки пецива исполнети со сладок густ фил, а во средината може да имаат една или повеќе жолчки, како симбол на полната месечина. Ретко се служи на пареа или пржен.rnrn
rnrnТрадиционалните кинески колачи имаат печат на површината со кинески знаци кои означуваат хармонија или долговечност или пак слика од животно. Пекарите обично на колачите го ставаат своето лого. Како додатна декорација можат да се најдат печати на мечка, цвеќе, винова лоза или зајак (симбол за Месечината).rnrnТестото традиционално се состои од свинска маст, црвен грав и жолчка, што заедно има околу 1.000 калории. Новите варијанти од оваа вкусна слатка се прилагодени на здравиот животен стил. Содржат помалку или воопшто масти, помалку шеќер, по облик се помали, а најчесто се прават од јогурт, сладолед или желе.rnrn
rnrnИако доминираат овошните вкусови, постојат разни видови филови со кои се полнат. Па така може да се направат од кои било состојки кои можат да се претворат во паста.rnrnСостојките можат да бидат кафе, чоколадо, ореви или кои било јаткасти плодови, овошје (сливи, ананас, диња, банана…), зеленчук (сладок компир), а може дури да се додаде и шунка.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.












