Веќе изгледа нормално секогаш со себе да ги носиме нашите смартфони, притоа фотографирајќи нешто што ни остава впечаток. Речиси секој од нас кога ќе сретне некоја позната личност ја фотографира, а потоа ја споделува сликата на социјалните мрежи… Но, можете ли да забележите што е различно на оваа фотографија?
Она што ја прави убава оваа фотографија е старата жена којашто го користи најдобриот уред на создавање сеќавања – сопствените очи. Таа се обидува со своите очи да го види она што се случува и да ги почувствува емоциите на вистински начин. Таквата „стара техника“ всушност е полна со мудрости, а притоа може да се каже дека старицата е повеќе атрактивна отколку ѕвездата којашто сите ја фотографираат, пред сѐ поради тоа што таа го игнорира она што го прават другите околу неа, целосно посветувајќи му се на тогашниот момент.

