Оваа мозочна вежба е токму тоа што ви треба за да се оддалечите од целиот предновогодишен хаос, барем за момент. Сѐ што треба да направите е да се ставите во улога на инспектор и да ја решите оваа детективска мистерија.rnrn
rnrnИнспекторот Варник работел за време на новогодишните празници и утрото на 1-ви јануари добил нова задача. Заѕвонел на ѕвончето и по една минута човекот што живеел во станот ја отворил вратата. Инспекторот се претставил и рекол:rnrn„Морам внимателно да го проверам Вашиот стан. Соседот вели дека вчера, за дочекот на Нова година, дошол кај Вас на забава. Додека пеел песни заедно со Вашето семејство до новогодишната елка која светела во разни бои, Вие сте влегле во неговиот стан и сте украле некои вредни предмети.“rnrnЧовекот одговорил:rnrn„Тоа не е вистина! Моето семејство славеше Нова година кај нашите пријатели. Отидовме кај нив попладнето. Одвај најдов време да ја украсам елката пред да заминеме. Се вративме дома по полноќ и веднаш си легнавме да спиеме. Ако сакате, ќе ги разбудам жена ми и син ми за да Ви го потврдат тоа што го кажав.“rnrn„Нема потреба за тоа. Очигледно е дека вашиот сосед е лажго“, го прекинал инспекторот.rnrnКако инспекторот Варник успеал да ја открие лагата на соседот толку брзо? Се сетивте на одговорот? Доколку сѐ уште не сте сигурни како да ја решите мистеријата, прочитајте го одговорот во продолжение.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnНа новогодишната елка недостасува една сијаличка и не би можела да свети без неа. Човекот навистина ја украсил елката набрзина и не проверил дали сијаличките работат. Соседот не знаел за ова и излажал дека пееле песни до елката што светела во разни бои.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnОбидете се да ја решите и оваа мистерија за да ги подобрите вашите детективски вештини.
Можете ли да ја решите оваа детективска мистерија? Треба да обрнете внимание на само еден детаљ
