Автор: Маја ЛинковаrnrnМодерната медицина можеби е најблиското нешто до вистинска магија што го имаме. Како што лекарите се трудат да пронајдат третмани со кои ќе се намалува болката, нашиот животен век ќе продолжи да се зголемува (освен ако фармацевтските компании не ги покачат цените). Лесно е да се заборави зошто луѓето во минатото се плашеле да одат на доктор, медицината била застрашувачка! Видете ги следниве медицински процедури кои всушност постоеле, а изгледаат како вистински кошмар.rn
Цедење крв
rnМногу долг период се верувало дека телото се полни со т.н. „хумори“. Понекогаш кога личност ќе заболела од „лоши хумори“, докторите морале да ги исцедат од неа со намерно предизвикано крварење.rnrn
rn
Бушење на черепот
rnДокторот бушел огромна дупка во главата на пациентот, бидејќи се верувало дека така се лечи епилепсија и други ментални нарушувања. Но знаете, тоа исто така предизвикувало чувство на голема дупка во мозокот.rnrn
rn
Инфицирање со маларија
rnСе сметало дека треската го убива сифилисот, па така старите лекари често ги инфицирале нивните пациенти со маларија. Се разбира, несаканите ефекти на маларијата најчесто предизвикувале смрт.rnrn
rn
Бесење во мрежа
rnОвој човек на сликата не паднал случајно во неговата импровизирана лежалка, туку всушност го лечеле од сколиоза. Лекарите сметале дека најдобриот начин за да го наместат грбот на пациентот, е да го врзат како да паднал во стапица.rnrn
rn
Инјекција со радијација
rnВо 60-тите, лекарите во Мериленд експериментирале со лечење на груби акни преку радијација. Дури и во средно училиште, младите попрво би сакале да имаат акни отколку да добијат рак на кожата.rnrn
rn
Пресадување кожа
rnОвој „демон“ на сликата всушност е човек кој бил повреден во Првата светска војна. Дел од неговата кожа бил сошиен како цевка и привремено ставен на носот како реконструктивен третман. Оваа постапка нормално прерасна во модерно пресадување кожа.rnrn
rn
Хелиотерапија
rnНе е сигурно зошто децата на сликата се држат за раце притоа носејќи долна облека (сериозно, да не е ова некој морничав култ?), но овие деца ги лечеле од туберкулоза, стоејќи околу една силна ламба. Теоријата кажува дека ламбата им го покачувала витаминот Д, кој им помагал да се борат против бактеријата.rnrn
rn
Чистење вошки
rnПрскањето на главите на луѓето со ДДТ (дихлородифенилтрихлотоетан – еден од најпознатите синтетички пестициди) бил ефикасен начин за убивање вошки. Нема ништо лошо во третманов, ако се изземат ракот и глобалното затоплување.rnrn
rn
Фекална бактериотерапија
rnОвој третман се користи и денес во лекување на инфекции предизвикани од бактеријата Clostridium difficile. Во задникот докторите инјектираат кака од некој друг. Звучи гадно, но всушност тоа ја враќа здравата бактерија во дебелото црево.rnrn
rn
Крвопиење
rnДруг начин за да се ослободите од оние „хумори“ кои претходно ги спомнавме, е со помош на пијавици – метод кој сè уште се користи и денес за да отстранување на згрутчена крв.rnrn
rn
Лек од жива
rnТаа некогаш се користела за лечење рани.rnrn
rn
Лечење со црви
rnАко ви се случи да имате екстремитет којшто има гнило месо, црвите се овде за да ја исчистат таа рана. Многу е корисно.rnrn
rn
Терапија со урина
rnМногу цивилизации некогаш верувале дека пиењето урина било добро за кожата и можело да лечи алергии. Римјаните дури ја користеле како природно белило за забите. Човекот на сликата ја пие урината бидејќи верува дека ќе му помогне да биде во медитативна состојба.rnrn
rnrnОвие работи ќе ве натераат да помислите дека нашите сегашни медицински лекови, еден ден ќе изгледаат ужасни и старински. Како на пример, дали фластерот направил нешто? Можеби не многу, но сепак е подобро од лечењето акни преку радијација.