7. Последна фотографија од уругвајскиот лет 571 пред да се сруши на Андите. Од 45 патници преживеале само 27. Но, преживеаните биле присилени на канибализам додека чекале да ги спасат – ги јаделе мртвите патници со цел да останат живи. По 72 дена биле спасени 16 луѓе.
8. Дејв Хали ја направил последната фотографија од неговата сопруга и 4-годишната ќерка пред да полетаат на нивниот одмор од соништата на летот MH17. Брзо потоа авионот бил срушен над Украина од Русија и загинале сите патници.
9. Роберт Оверкакер, професионален каскадер, возел глисер над Нијагарините Водопади со цел да ја подигне свеста за бездомниците во 1995-та година. Фотографијата е направена веднаш откако не се отворил неговиот падобран. Тој паднал и загинал.
10. На оваа фотографија е фатен моментот пред летот 235 да се сруши во Тајван. На авионот имало 58 патници, а преживеале само 15.
11. Жил Леклерк и Мериен Лабанан ја направиле оваа фотографија додека чекале да почне концертот на The Eagles of Death Metal. Неколку секунди подоцна во салата влегле 4-ца вооружени лица и почнале да пукаат. Жил загинал, но Мериен успеала да преживее.
12. Последните моменти на Харамбе, горилата што беше убиена откако дете падна во неговиот кафез во 2016-та година.
13. Николас Меволи по неговото последно „слободно нуркање“. Тој се спуштил на длабочина од 72 метри, излегол на површината, се обидел да проговори и изгубил свест. Воопшто не се разбудил и починал истиот ден од белодробен едем.
Продолжува на следната страница…

