Огнените топки на Нага
rnРеката Меконг во Тајланд понекогаш еруптира со црвено-виолетови огнени топки кои се издигнуваат до 15 метри над водата и потоа исчезнуваат. Ова обично се случува во октомври. Постои дури и фестивал посветен на овој феномен. Научниците сметаат дека станува збор за експлозија од гасови што излегува на површината од реката, а локалните жители веруваат дека топките ги испраќа Нага, суштество кое живее во реката и е полу-змија, полу-човек.rn
Долината на птиците што паѓаат
rnВо долината Јатинга во Индија, птиците веќе со векови се однесуваат многу чудно. Имено, тие летаат многу ниско во кругови и некои од нив паѓаат на земјата во полусвесна состојба. Птиците обично се ориентираат со помош на сонцето и магнетското поле на Земјата. Причината за нивното чудно однесување можеби лежи во некои геофизички аномалии.rn
Аномалијата на Балтичко Море
rnНа дното на Балтичко Море бил пронајден чуден предмет што личел на НЛО. Научниците сѐ уште немаат донесено конечен заклучок за овој феномен. Предметот е направен од базалт, така што со сигурност не станува збор за вселенски брод. Според некои теории, тој е последица од топењето на некој глечер или се работи за таен воен нацистички објект од Втората светска војна.rn
Бриникл – ледениот прст на смртта
rnОвој феномен се појавува на различни температури на замрзнување во водите во Арктикот со различен степен на соленост. Изгледа како ледено стапче што се извиткува на дното. Го замрзнува до смрт секое водно животно што ќе го допре. Бриникл за прв пат се спомнал во 1974 година, но неговото постоење било докажано дури во 2011 година. Постои само едно видео од феноменот, случајно снимено од страна на Би-Би-Си.rn
Ледени кругови на реки
rnОвие совршени кругови од мраз се формираат на реките со вртложни струи. Парче мраз започнува да се врти, ги уништува аглите на мразот што се наоѓа околу него и се создава совршен круг. Овој феномен е најчест во Скандинавија, Северна Америка, Германија, Англија и Русија.

