Мажот, жената и лебот: Кратка поучна приказна за долг и среќен брак

Сподели

Таа печела леб секое утро, бидејќи тоа била нивната традиција. Исекла две парчиња леб и двете ги намачкала со путер.

Како и обично, го дофатила парчето од средината за да му го подаде на својот сопруг, а за себе да го остави оној со кора, но одеднаш застанала. Таа помислила:

Реклама

Денес, кога славиме 30 години од нашиот брак, јас сакам за појадок да го изедам парчето од средината. Сонувам за него целото ова време. Бев примерна жена сите овие години и ги воспитав нашите синови да бидат добри луѓе. Вложив толку многу за доброто на нашето семејство!“

Одлучила на сопругот да му го даде парчето леб со кора, но раката ѝ затреперила поради тоа што ја прекршува традицијата која е стара веќе 30 години. Мажот внимателно го прифатил лебот и ѝ рекол:

Реклама

Денес ми даде прекрасен поклон, драга. Цели 30 години не сум го јадел делот со кора кој толку многу го сакам, бидејќи сепак е правично ти да го добиеш она што најмногу го сакаш! Ти благодарам!“

Најново

Може ќе ве интересира