Полско-француската физичарка и хемичарка Марија Кири е прогласена за највлијателна жена во целата историја според анкета спроведена од страна на BBC.rnrn
rnrnЧитателите на списанието „History“ на BBC ја ставиле Кири на првото место на листата со жени кои го промениле светот. Причината е што Марија е првата личност која освоила две Нобелови награди (за физика во 1903-та и за хемија во 1911-та година) и поради нејзините истражувања за радиоактивноста, збор кој го смислила таа.rnrnНаскоро во Велика Британија се прославуваат 100 години од добивањето на право на глас на жените и во ек е подобрата застапеност на жените во општествата, како и намалувањето на разликите во платите помеѓу половите.rnrnНа второто место се наоѓа американската активистка Роза Паркс која одбила да го отстапи нејзиното место во автобусот за белец. На овој начин таа ја поттикнала борбата за правата на црнците во Америка.rnrnНа трето место се наоѓа британската активистка Емелин Панкхерст која е заслужна за добиеното право на глас на жените.rnrnАнглиската математичарка и пионерка во програмирањето Ада Ловлејс е четврта, а британската хемичарка Розалин Френклин која придонела во разбирањето на молекуларната структура на ДНК се наоѓа на петтото место.rn
„Овој попис е тестамент за жените низ историјата кои и против сите верувања имале неверојатни достигнувања“, изјавила Хинали Пател, портпаролката на британското здружение за правата на жените.
rnНекои луѓе сметаат дека изборот е можеби контроверзен. Тие се прашуваат дали Маргарет Тачер навистина го заслужува 6-тото место на листата, а принцезата Дијана 15-тото. Исто така на многумина не им се допаѓа што Еленор Аквитанска, моќната жена на кралевите Луј VII и Хенри II е на 11-тото место, додека Дева Марија се наоѓа на 12-тото.rnrnПрочитајте и нешто повеќе за 10-те жени кои го променија светот.
