Вие не сте само роднински поврзани, вас ве поврзуваат интуицијата, искуствата, начинот на размислување. Колку пати вашата мајка ви се нашла, ви помогнала? Можеби не знаете, но и таа некогаш се потпира на вашата помош. Еве што го карактеризира пријателскиот однос на мајките и нивните ќерки.rn
1. Женската интуиција и вашата поврзаност ви помагаат да се разберете без да прозборите ниту еден збор
rn
rn
2. Можете меѓусебно да си споделите одлични совети за љубовните проблеми
rn
rn
3. И двете знаете дека една на друга сте си најдоброто рамо за плачење
rn
rnrnНе сакате да ја видете тажна, но време е да ѝ се оддолжите за сите солзи кои ви ги избришала во текот на сите овие години.rn
4. И двете ги имате истите проблеми, само од различна гледна точка
rn
rnrnМајките се во право кога викаат дека ве разбираат, тие навистина ве разбираат.rn
5. Таа секогаш ги има најдобрите совети за секоја ситуација
rn
rnrnНо, со текот на годините вие ѝ ја возвраќате мудроста која и нејзе ѝ е некогаш потребна.rn
6. Ако некој каже нешто по малку негативно за другата, вие веднаш сте подготвени да влезете во голема војна за да ја одбраните
rn
rnrnДоколку реченицата не завршува со „таа е одлична девојка/жена, па можеби и најдобра што сум ја сретнала“, подобро да не ја ни започнуваат реченицата.rn
7. Секогаш знаете една за друга што најдобро ве расположува
rn
rnrnКога бевте малечка, таа веројатно ви даваше од вашите омилени колачиња, а вие вашето ново „уметничко дело“. Веројатно сега и двете се тешите со по една чаша вино.rn
8. Си ги делите алиштата и шмниките
rn
rnrnКако мала вие потајно ѝ го крадевте карминот, сега таа го прави тоа.rn
9. Имате премногу интерни шеги.
rn
rnrnВеројатно затоа што го имате истиот ген.rn
10. Таа знае дека ќе донесете глупава одлука, уште пред вие да дознаете
rn
rnrnВие си мислевте дека тој е љубовта на вашиот живот, а таа знаеше дека е лажго и измамник една година пред вие да го дознаете тоа. КАКО?rn
11. Таа ве учи како да ги припремите вашите омилени јадења, но сè уште се радува да ги зготви за вас секогаш кога се враќате дома
rn
rn
12. Забавувањето со неа е супер идеја
rn
rnrnПонекогаш нејзиното друштво е најпријатно од сите други.rn
13. Таа може да ви ја каже суровата вистина
rn
rn
14. Комплиментите кои си ги давате една на друга ви се најзначајни
rn
rnrnВНИМАТЕЛНО, ЗГОДНА МАЈКА НА ПАТОТ!rn
15. Ако 18 години од вашиот живот го живеете со убедувањето дека никогаш нема да бидете како неа, останатите ги поминувате надевајќи се дека ќе станете токму како неа
rn
rnrnЗошто не може во личната биографија да се внесеме како двојници со нашите мајки?rn
16. Кога се карате, се карате за сè освен за проблемот поради кој избила кавгата
rn
rnrnСо многу плачење, викање, а по некогаш и воени тенкови.rn
17. Но за среќа, кавгите траат кратко и најчесто завршуваат со топли прегратки
rn
rn
18. Секогаш имате некој со кој можете да зборувате на женски теми
rn
rnrnТаа ве научи дека не се умира од првиот менструален циклус, сега на вас е да ја сослушате за нејзината менопауза.rn
19. Знаете да си ги погодите совршените подароци за роденден и Нова година
rn
rnrnАко се расплаче, да, сте ѝ го погодиле!rn
20. И двете сакате да го поминувате времето со блиските луѓе
rn
rn
21. Но, сепак пријателската релација мајка – ќерка е најдобрата од сите!
rn