КАФЕ ПАУЗА

Мајка го слуша чукањето на срцето на својот починат син во телото на девојката на која го донирале

Мајка го слуша чукањето на срцето на својот починат син во телото на девојката на која го донирале

Велејќи дека нејзиниот Метју е таму, Вики Бренон се расплакала кога го доближила увото до градите на Џенифер Лентини и го слушнала биењето на нејзиното срце кое до пред 19 години му припаѓало на нејзиниот син. Пред две децении таа го загубила своето чедо и одлучила веднаш по неговата смрт да ги донира неговите органи и со тоа да им даде шанса да живеат на оние на кои можело да им се помогне на тој начин во моментот.rnrnМајка го слуша чукањето на срцето на својот починат син во телото на девојката на која го дониралеrnrnТој загинал на 5 јули 1996 година како последица на раните добиени по едно несреќно испукување со огнено оружје од страна на негов пријател. Веќе следниот ден Вики одлучила да ги даде неговите здрави органи на некого кому му требаат и срцето веднаш го добила тогаш 13-годишната Џенифер, која со месеци чекала за трансплантација на срцето. Многу години подоцна, благодарната девојка ја пронашла мајката на Фејсбук и организирала средба со неа. Вики била пресреќна кога го слушнала биењето на срцето во нејзините гради, се прегрнале и двете заедно липале. Се договориле да останат во контакт.rnrnМајка го слуша чукањето на срцето на својот починат син во телото на девојката на која го дониралеrnrnВики изјавила дека се грижела дали Џенифер добро ќе го прифати срцето затоа што не би можела да поднесе некој со тоа срце повторно да умре, но добила уверување дека новиот сопственик добро се грижи за срцето преку здрав начин на живот.rn
rn

„Тој е мојот ангел-чувар“ – вели Џенифер за нејзиниот син.

rnrn

„Пресреќна сум, син ми има добро, силно срце кое ја одржало во живот. Се чувствувам како да сум добила ќерка“ – вели Вики.

rnМајка го слуша чукањето на срцето на својот починат син во телото на девојката на која го дониралеrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.