И покрај тоа што најчесто лулашките се наоѓаат на игралиште и ги користат децата, овој пат станува збор за застрашувачка авантура наречена „лулашка на крајот од светот“. Таа е наменета само за најхрабрите и за оние кои би го прифатиле ризикот дека можат да паднат од работ на ридот додека се лулаат високо во воздухот. Таа се наоѓа во Банос, Еквадор во „La Casa del Árbol“ (Куќата на дрво) каде што ги пречекува туристите на височина од 2.660 метри.rnrn
rnrnОние кои одлучуваат да се лулаат имаат неверојатна можност да ги видат околните пејзажи од уникатна перспектива, која вклучува и поглед на вулканот Тунгурауа. Оваа активност предизвикува сериозен излив на адреналин, не само поради висината на која се наоѓате, туку и поради фактот што конструкцијата на самата лулалшка изгледа како да не е ништо повеќе од обична дрвена штица закачена со две јажиња за метална шипка.rnrnШто мислите, дали вие би имале храброст да се лулате над оваа огромна бездна?rnrn
rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.