Најголемиот синџир на кино сали во Латинска Америка, „Cinepolis“ неодамна го отвори својот прв театар на територијата на САД. Некогашната кино сала на „UltraStar Cinema“ во Дел Мар, Калифорнија е тотално трансформирана и не наликува воопшто на претходната. Инвестицијата тешка 7 милиони американски долари донесе неверојатно луксузен изглед. Отсега секој посетител на оваа кино сала ќе може да ужива на неверојатно удобна кожна фотелја, совршено озвучен простор, HD и 3D технологија и што е најважно, ќе има доволно простор да си ги оптегне нозете.rn
Покрај удобностите кои ќе ги добиете од максималниот комфор, во кино салата ќе добиете и неверојатно професионална угостителска услуга. Со едноставно притискање на копче, можете да повикате келнер и да одберете некој коктел, чаша добро вино, лесна храна, клуб сендвичи, овошје или пак традиционалните пуканки и бонбони. Сигурно си мислите дека овој рај е достапен само за оние со длабок џеб, но тука грешите. За да го добиете овој третман и за да уживате во оваа кино сала, треба да платите само 19,5 американски долари, што не е голема разлика од стандардните кино карти во САД.




rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Луксузно кино за љубителите на добриот филм
