КАФЕ ПАУЗА

Луѓе заглавени во сопствената глупост

Луѓе заглавени во сопствената глупост

Некои луѓе прават глупави работи затоа што немаат што паметно да направат. Некои од нив дури и глупостите ги прават на глупав начин. Ова се 6 такви примери.rn

Заглавен на детско столче

rnИрец отишол да касне во Мекдоналдс и од само за него познати причини седнал на едно од оние високи столчиња наменети за мали деца и се заглавил. Имал испиено доста алкохол, па на крај морала да дојде полицијата и да го извади од столчето. Инаку, според менаџментот на Мекдоналдс, секој што седнува на таков стол мора да биде под надзор на родител.rnrnЛуѓе заглавени во сопствената глупостrn

Заглавен во мобилен тоалет

rnКога некои луѓе виделе еден Јужноафриканец како е заглавен во тоалетот, си помислиле дека излегува од ВЦ шолјата. Тоа и не е толку чудно со оглед на тоа што му се гледале само главата, рацете и нозете. Бизарниот настан се случил во Кејптаун на едно градилиште. Кога обезбедувањето пристигнало му требале 40 минути за да пронајде начин како да го извлече кутриот човек од тоалетот, додека овој беспомошно чекал да им текне што било.rnrnЛуѓе заглавени во сопствената глупостrn

Главата заглавена во стол

rnЕден ученик во основно училиште во САД фантазирајќи дека е Дарт Вејдер во борба со Боба Фет (ликови од филмот „Војна на ѕвездите“) ја пикнал главата меѓу просторот за седење и потпирачот на едно столче во училиштето за да го користи како штит. Дури откако се изнаиграл сфатил дека е главата му е заглавена во столот, па пожарникарите морале да го ослободуваат.rnrnЛуѓе заглавени во сопствената глупостrn

Крадец заглавен во отвор за вентилација

rnЕден ситен крадец се обидел да ограби аптека влегувајќи преку отворот за вентилација доцна навечер, онака како што прават на филмовите. Го отворил капакот, влегол во отворот, се упатил кон пленот, но не стигнал до него затоа што се заглавил. Помошта стигнала следното утро, кога го слушнале како плачејќи моли за помош.rnrnЛуѓе заглавени во сопствената глупостrn

Затвореник заглавил во ѕид за време на бегство

rnНеколкумина затвореници во Бразил, користејќи цевка украдена од затворското купатило направиле дупка во ѕидот преку која требало порано да стигнат до својата слобода. Првиот кој поминал низ дупката бил ситен и лесно го собрало, но вториот бил многу покрупен и се заглавил. Дури ни натчовечките напори на затворениците кои чекале ред позади него не му помогнале да се протне низ дупката, па затворските чувари немале избор освен да ги повикаат пожарникарите на помош.rnrnЛуѓе заглавени во сопствената глупостrn

Крадец заглавен во оџак

rnСедумнаесетгодишен креативен крадец од САД сакал да влезе во една куќа за да ја ограби и избрал тоа да го направи преку оџакот. Се заглавил и не стигнал далеку. Почнал да вика, да пишти, да лелека, и тоа траело цели 12 часа додека соседот не го слушнал и не повикал полиција. Интересно, сопственичката на куќата рекла дека таа не слушнала ништо цела ноќ.rnrnЛуѓе заглавени во сопствената глупост