Дизниевите анимирани филмови се задолжителен дел од растењето на секое дете. Нивната содржина ги учи децата дека чуда се случуваат и дека доброто и љубовта на крајот секогаш победуваат. Сепак, доколку работите се погледнат и од поинаков агол, меѓу редови може да се прочитаат и некои лоши пораки и да се открие темната страна на Дизни.rn
Пепелашка
rnДобрата лекција: Чуда се случуваат. Ако бидеш добар ќе ти се случи добро.rnrnЛошата лекција: Седи си и чекај среќата да ти падне од небо.rn
Пепелашка е убава млада девојка заглавена во домот на својата маќеа, каде што ги извршува најтешките домашни физички работи. Нема пријатели, не излегува од дома затоа што има премногу работа, а се чини дека не ù фали ништо. Таа само ќе трпи во улогата на беспомошна жртва, сè додека не дојде добрата самовила да ја спаси. Резултатот од ваквиот начин на размислување е сензационален – ќе му се допадне на убавиот принц и ќе стане принцеза.
rn

rnrn
Убавицата и ѕверот
rnДобрата лекција: Однесувај се со другите како што сакаш да се однесуваат со тебе. Зад лошиот изглед се крие добро срце.rnrnЛошата лекција: Сакај го насилникот, тој кај и да е, ќе се смени.rnrnБела е прекрасна девојка со добро срце која што ќе биде заложник во замокот на ѕверот во замена за животот на својот татко. Ѕверот е во потрага по девојка која ќе се вљуби во него за да ја симне клетвата поврзана со неговиот изглед, а Бела ќе биде совршена прилика за тоа. Ќе ја држи затворена во замокот, каде и покрај неговото грубо насилничко однесување, таа сепак ќе се вљуби во него. На крај, како што се случува во бајките, тој ќе се претвори во убав принц со добро срце, иако во реалноста насилникот никогаш не се менува. Тоа се нарекува Стокхолмски синдром или синдром на убавицата и ѕверот.rnrn
rn
Малата сирена
rnДобрата лекција: Љубовта победува сè.rnrnЛошата лекција: Напушти го семејството, смени го изгледот и тој ќе се вљуби во тебе.rnrnМалата сирена Ариел живее идиличен живот со својот татко сè додека не се вљуби во еден маж. Сепак, за да му се приближи мора да добие нозе со кои ќе прошета по брегот каде што тој често го минува времето. За таа цел ќе склучи пакт со злобната Урсула, на која ќе ù го вети својот глас во замена за нозе. За тоа дали е добро или не е да се направи „пакт со ѓаволот“ за да се стигне до некоја поважна цел може да се расправа до бескрај, но тоа што таа напушта сè и драстично го менува својот изглед за да се допадне некому е многу лоша порака.rnrn
rn
Ѕвонарот од Богородичната црква во Париз
rnДобрата лекција: Не цени ги луѓето според нивниот изглед.rnrnЛошата лекција: Без оглед на тоа колку е добар и посветен, грдиот нема шанси кај убавата девојка.rnrnКвазимодо е грбав и поради тоа не е добро прифатен од околината. Кога ќе се вљуби во убавата Есмералда ќе направи сè за да ја спаси од казна и да го освои нејзиното срце, но и покрај неговата пожртвуваност љубовта нема да му биде возвратена како во другите бајки. Во филмот постојано се нагласува лошиот изглед на Квазимодо, а кога на крајот и покрај херојството ќе заврши со празни раце за сметка на убавиот капетан ќе биде пренесена и лошата лекција.rnrn
rn
Заспаната убавица
rnДобрата лекција: Љубовта го победува злото.rnrnЛошата лекција: Трпеливо чекај го вистинскиот, тој ќе те разбуди од лошиот сон.rnrnНи крива ни должна, уште како бебе Аурора ќе биде проколната да заспие на својот шеснаесетти роденден и да не се разбуди сè додека не почувствува бакнеж како израз на искрена љубов. Интересно е тоа што ќе се разбуди кога ќе ја бакне некој што не ја видел никогаш претходно, а поради тоа таа ќе се омажи за него. Сепак, лошата лекција е тоа што на девојчињата им се сугерира дека треба вечно да го чекаат вистинскиот.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
