Лекции за љубовта и пријателството од хит-комедијата „Пријатели“

Сподели

Или сте заедно или не сте

Сигурно знаете што се случи со Рос и Рејчел кога одлучија да бидат на пауза. Тоа нè поучува да ја дефинираме врската и секогаш да знаеме на што сме. Паузата е само чекор поблиску до самиот крај а може и посилно да ги повреди и двете страни.

Реклама

Врската базирана на пријателство понекогаш успева

Моника и Чендлер во серијата со години беа пријатели. На крај сепак излезе дека се совршени еден за друг, само требало да мине време за и двајцата да созреат и да сфатат дека си припаѓаат еден на друг. Но понекогаш и не е така. На пример, Рејчел и Џои. И тие исто така пробаа да бидат нешто повеќе од пријатели, но меѓу нив просто не постоеше таква хемија.

Љубовта знае да биде тешка

Рос и Рејчел во текот на десетте сезони беа во вжештени и турбулентни односи. Еднаш се сакаа, па се мразеа, па си љубомореа, одмаздуваа, лутеа и што ли уште не. Сепак, на крајот останаа заедно. Љубовта понекогаш знае да биде тешка, бара трпение и труд за да успее, но на крај се исплаќа.

За крај, некои пријателства навистина траат засекогаш

Пријателството на некој начин е слично со љубовта. Ќе искусите разочарувања, но ќе го пронајдете и вистинското. Ќе поминете низ краткотрајни пријателства, лицемерни и површни луѓе, но има и такви кои ќе траат вечно.rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира