Кој може да им одолее на слатките мачиња? Овие животинчиња се неодоливи сами по себе, но кога на нив ќе се додаде и мал детаљ како што е шапка од нивното сопствено крзно, нивниот шарм достигнува највисоко ниво! Рио Јамазаки е фотограф од Јапонија кој максимално ја искористил убавината на неговите мачки благодарение на неговата неизмерна креативност. Имено, тој решил да направи шапки од влакната што ги испуштале неговите миленици и крајниот резултат е апсолутно фантастичен!
Неговите мачки се од расата шкотски фолд – Нија има 8 години и е сива со темни линии, Мар е бела и има 6 години и Вит, кафеавиот тигар кој има само 1 година. Погледнете ги овие прекрасни мачиња со необични шапки кои ќе ве остават без зборови…
