И покрај неверојатните достигнувања во астрономијата, архитектурата и математиката, класичната цивилизација на Маите го дочекала својот крај пред околу 1.000 години. Историчарите долго се сомневаат дека причината за овој колапс е сушата, но доказите не го поддржувале ова мислење.rnrn
rnrnДенешните софистицирани техники не само што ја потврдиле оваа теорија, туку дале и точни мерки за тоа колку сува била околина во тој период.rnrnЕзерото Чичанканаб на полуостровот Јукатан се наоѓало близу до срцето на цивилизацијата на Маите и е индикатор за климатската промена во тој регион. Во средината на 90-тите, промената на соодносот на изотопи на кислород во школките на дното на езерото покажала дека последните години од постоењето на цивилизацијата биле релативно суви.rnrnСепак, инструментите употребени во тој период не можеле да покажат колку посув бил периодот пред и потоа. Дали локалната климатска промена навистина ја уништила цивилизацијата со најнапреден систем за пишување? Денес знаеме дека поради непознати причини, климата во Централа Америка навистина драстично се променила.rnrnСтудентот и истражувач од Кембриџ, Николас Еванс, ги измерил изотопите на кислород и водород во молекулите вода заробени во карпите на дното на езерото. Тој и неговите колеги заклучиле дека врнежите од дожд се намалиле помеѓу 41% и 54% во период од 400 години. Влажноста се намалила за 2% до 7% што може да звучи малку, но има големо влијание на испарувањето.rnrnВеројатно оваа промена имала драстичен ефект на агрикултурата и не е изненадувачки дека екстремните години биле уште полоши. Најверојатно врнежите од дожд биле намалени за 70%. Неколку општества би имале резерва храна за да ја преживеат оваа катастрофа, и изгледа дека повеќето градови на Маите спаѓале овде.rnrnДенес во овој реон врнат околу 1.200 милиметри дожд секоја година, слично како и најдобрите години од цивилизацијата на Маите. Дури и во овој сушен период, врнежите од дожд би биле слични со оние во Лондон. Сепак, кога се одгледуваат растенија кои бараат многу вода, како на пример памук, најверојатно не ќе можат да преживеат. Постојат и докази кои покажуваат дека сушите го зафаќале целиот регион во исто време.rnrnКултурата на Маите не исчезнала со крајот на Доцниот класичен период, но бројот на жители и технологијата значително се намалиле и се барале трајни извори на вода.rnrnИстражувањето за тоа зошто дошол крајот на некоја цивилизација може да ни служи како водич за денешните потенцијални опасности. Фактот дека градовите на Маите изумреле поради помалиот број врнежи нè потсетува дека климатската промена е многу повеќе од промената на температурата.rnrnПрочитајте ги и овие неверојатни факти за Маите.
Конечно е откриена причината за колапсот на цивилизацијата на Маите
