Повеќето луѓе се соочиле со смртта на некој сакан. Без разлика дали тоа било човек или милениче, болката е иста. Знаеме дека смртта е нормален дел од животот, но секој од нас тешко го преболува ова разделување.rnrn
rnrnСекогаш би било добро да имате нешто во физичка што ќе ве посетува на личноста што сте ја изгубиле. Нешто што ќе ги држи саканите луѓе или животни блиску до вас.rnrnКомпанијата Davenport Memorial Glass нашла начин да го направи ова. Оваа компанија создава неверојатни спомени, комбинирајќи стакло и малку пепел од саканите. Лесно можете да добиете шепа од вашето милениче што ќе ја носите насекаде со вас. Според нивниот веб-сајт, од компанијата се обидуваат да создадат физичка меморија, така што луѓето ќе можат да се сеќаваат на прекрасните моменти што ги поминале со нивните омилени луѓе или миленици.rnrn
rnrnВоглавно, потешко е да направите спомен од вашето милениче. Речиси и да не постојат погреби за миленичиња и иако има гробишта за нив, тие се навистина ретки. Миленичињата не добиваат надгробна плоча или споменик како и луѓето. Токму поради тоа, оваа компанија прави разлика.rnrnОсновачот на бизнисот, Камерон Дејвенпорт, во 2003-та година научил како да прави изработки од стакло. Решил да се фокусира на уметноста и да направи нешто повеќе од тоа. Кога го изгубил неговиот пријател, бил очаен. Како спомен добил само малку пепел од неговото тело. Па, решил да направи стаклена топка од оваа пепел. Идејата расцутила и наскоро луѓето почнале да бараат стаклени предмети за спомен од нивните сакани. Оттогаш, идејата само растела.rnrn
rnrnВоглавно, изработката на овие предмети не е лесна, а Камерон изјавил дека можеби некогаш ќе ја сподели неговата тајна. Уште подобро е што тој не само што ги изработува предметите, туку се обидува и да се поврзе со муштериите и се вклучува во нивниот процес на жалење со цел да добие појасна слика. Ова воопшто не е лесно за него, но токму тоа му помага да го создаде совршениот спомен за секого.rnrnНа крај, сè што сака да направи е да ги насмее другите додека тагуваат, и изгледа дека одлично му оди. А токму тоа е најважното.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗнаевте ли дека губењето милениче е потрагично отколку што мислат повеќето луѓе?
Компанија ја претвора пепелта од починатите миленичиња во стаклени украси за спомен
