КАФЕ ПАУЗА

Kолку треба да вежбате доколку седите за време на целиот работен ден?

Доколку поголемиот дел од денот седите, тоа воопшто не е добро за вас. Истражувањата покажале дека доколку подолг период останете во мирување (на пример, осумчасовното седење на работа), тоа може да биде штетно за вашето здравје. За да ги отстраните негативните ефекти, потребно е да започнете со вежбање.rnrnСпоред истражувањата, еве колку треба да вежбате доколку седите поголем дел од времетоrnrnЕдна нова студија, објавена во медицинското списание „The Lancet“, покажува идеална формула за справување со негативните ефекти кои произлегуваат од повеќечасовното седење на работа. Наместо да поминувате во вежбање одреден број часови, тие треба да бидат прилагодени според тоа колку седите. Имено, луѓето што имаат типичен осумчасовен работен ден, треба да поминат најмалку еден час во движење, а пак оние кои седат шест часа дневно, треба да вежбаат половина час. Истражувањето исто така посочува дека ова вежбање не мора да биде одеднаш, а ниту пак премногу да се форсирате. Распоредете ги овие часови активност во текот на целиот ден, а тоа може да биде и нешто едноставно, како на пример пешачење.rnrnТимот што стои зад оваа студија анализирал податоци од еден милион возрасни над 45 години во Западна Европа, САД и Австралија. Користејќи претходни податоци, истражувачите испитувале 16 објавени студии за да утврдат колку вежбање е потребно за да се надополни со седењето. Нивните препорачани дневни вежби биле повисоки од претходниот совет, но добро е да се следат со цел да го заштитите вашето здравје.rnrnМоже да ви звучи застрашувачки кога ќе помислите дека треба да вежбате еден час, но запаметете дека постојат многу вежби кои може да ги направите пред и после работа. Дури и ако тоа вклучува прошетка од десет минути за време на ручекот, вашето тело ќе ви биде благодарно.