КАФЕ ПАУЗА

Која е најплатената актерка за 2017 година?

Ема Стоун се здобила со првото место на листата најплатени актерки за 2017 година со заработка од неверојатни 26 милиони. Нејзиниот успех најмногу се должи на улогата во филмот „Ла Ла Ленд“ (La La Land) кој ѝ донесе и Оскар на младата 28-годишна актерка. За споредба, филмот заработил 445,3 милиони долари на глобалниот бокс офис.rnrn(1) koja-e-najplatenata-akterka-za-2017-godina-www.kafepauza.mkrnrnТаа е малку пред Џенифер Анистон, која се наоѓа на второто место со заработка од 25,5 милиони долари. Таа повеќе од 10 години по завршувањето на ТВ серијата „Пријатели“ (Friends) ја одржува платата на високо ниво со различни филмски улоги.rnrn(2) koja-e-najplatenata-akterka-za-2017-godina-www.kafepauza.mkrnrnЗаедно, 10-те најплатени актерки имаат комбинација од 172,5 милиони заработка помеѓу 1 јуни 2016 година и 1 јуни 2017 година (без одземен данок). Во продолжение следуваат и останатите ѕвезди на листата што успеале да достигнат милиони за само една година…rnrnИако Џенифер Лоренс го држеше првото место на оваа листа за 2016 година, нејзината заработка за оваа година е преполовена и изнесува 24 милиони долари. Мелиса Мекарти е веднаш зад неа со 18 милиони долари, а Мила Кунис го држи петтото место со 15,5 милиони долари.rnrn(3) koja-e-najplatenata-akterka-za-2017-godina-www.kafepauza.mk (4) koja-e-najplatenata-akterka-za-2017-godina-www.kafepauza.mk (5) koja-e-najplatenata-akterka-za-2017-godina-www.kafepauza.mkrnrnПо излегувањето на филмот „Убавицата и ѕверот“ (Beauty and the Beast), Ема Вотсон се вивна на шестото место со заработка од 14 милиони долари, додека филмот стигна до неверојатни 1,26 милијарди долари, станувајќи филмот со најголемата заработка за оваа година досега.rnrn(6) koja-e-najplatenata-akterka-za-2017-godina-www.kafepauza.mkrnrnОваа година три жени успеаја да ја срушат границата од 20 милиони долари заработка за една година, за разлика од 2016 година каде што се наоѓаа четири актерки. Актерката што видно недостасува од оваа листа е Скарлет Јохансон, којашто не успеала да ја надмине границата од 11,5 милиони долари заработка за да влезе на оваа листа.rnrnСепак успехот на женските актерки останува неверојатен, со оглед на тоа што тие опфаќаат само 28,7% од сите филмски улоги за 2016 година. Улогите за жените над 40 години сè уште поретки, но и тие наоѓаат начин како да се бројат, како на пример ѕвездата Шарлиз Терон, 42, со својот нов филм Атомска русокоса (Atomic Blonde) на којшто работела 5 години, и ѝ донесе заработка од 14 милиони долари. Таа го дели шестото место на листата со Ема Вотсон.rnrn(7) koja-e-najplatenata-akterka-za-2017-godina-www.kafepauza.mkrnrnНа последните места на оваа листа се наоѓаат Кејт Бланшет и Џулија Робертс со заработка од 12 милиони долари и Ејми Адамс со 11,5 милиони долари.rnrn(8) koja-e-najplatenata-akterka-za-2017-godina-www.kafepauza.mk (9) koja-e-najplatenata-akterka-za-2017-godina-www.kafepauza.mk (10) koja-e-najplatenata-akterka-za-2017-godina-www.kafepauza.mkrnrnСте знаеле ли дека овие познати актерки во одреден дел од нивниот живот биле бездомнички?