Иако денес нудизмот не проаѓа премногу добро со конзервативната балканска култура, верувале или не, на Балканот се појавиле првите нудистички плажи во Европа. На овој полуостров има доволно точки каде што секој може да се бања како од мајка роден.rn
Хрватска
rnХрватскиот брег е рај за нудистите. Всушност, Хрватска е првата земја во Европа која што направила нудистичка плажа, и тоа уште на почетокот на дваесеттиот век.rnrnКоверсада е најголемата нудистичка плажа во Европа. Се наоѓа на Истра, каде што сите плажи се со камења, но овде голем дел е покриен со песок. Водата е кристално чиста и одлична за бањање.rnrnВалалта важи за една од најубавите нудистички плажи во светот. Долга е 3,5 км и е оддалечена 8 километри од Ровињ. Најчесто ја посетуваат семејства од цела Европа.rnrnПлажата Соларис има делови покриени со песок, со камења, со трева и поплочени делови. Се наоѓа на живописниот полуостров Лантерна.rnrnРајската плажа во Малинска на островот Крк исто така има делови покриени со песок, со трева и поплочен дел. Зад неа има прекрасна борова шума, а водата е кристално чиста.rnrnНудистичката плажа во кампот Истра исто така е рај за оние што уживаат да се бањаат сосема голи. Скриена е зад густа шума, а пред неа има извонредна глетка на бистрото Јадранско Море.rnrn
rn
Грција
rnСлично како и Хрватска, нудистите ја обожаваат и Грција поради условите кои им ги нуди. Ова се само мал дел од десетиците нудистички плажи во оваа земја.rnrnБанана Бич е полукружен збир од три плажи на островот Скијатос покрај чистите води на Егејското Море. Песокот има златна боја, а капачите во водата често можат да наидат и на делфини.rnrnПлажата Глико Неро на островот Крит е позната по топлите извори кои се наоѓаат под еден дел од плажата и по карпестите предели на кои не е лесно да се сончате. Сепак, глетката од неа е спектакуларна, па затоа се смета за една од најубавите во светот. До неа се стигнува само се пешачење или со брод.rnrnМиртиотиса Бич се наоѓа на островот Крф. Популарна е кај нудистите од целиот свет поради мекиот песок скриен зад еден спектакуларен карпест предел.rnrnОстровот Криси се наоѓа на 8 километри од Крит, долг е пет километри, а широк само еден километар. Целиот е окупиран од нудистите, а најголем дел може да се сретнат на главната плажа.rnrn
rn
Црна Гора
rnНајпознатата нудистичка плажа во Црна Гора е Ада Бојана. Се наоѓа на истоимениот остров формиран во делтата на реката Бојана, каде што таа се влева во Јадранското Море. Покрај неа има и плажи кои не се наменети за нудисти, каде што посетителите можат да се испробаат во некои екстремни спортови на вода.rnrnНа 2,5 километри од Будва е сместена нудистичката плажа Јаз. Тоа е преубав песочен предел скриен зад една шума. Долга е повеќе од еден километар.rnrn
rn
Бугарија
rnВо последните години Бугарија станува атрактивна за европските туристи поради ниските цени, а привлекува и доста нудисти.rnrnСите нудистички плажи во Бугарија се сместени во близина на Варна и Бургас, а за најдобра се смета онаа во близина на сливот на реката Ропотамо. Покрај неа, има уште една прекрасна песочна нудистичка плажа помеѓу Албена и селото Кранево.rnrn
