Дали може прекумерното размислување за вашите избори да ви го попречи патот до среќата? Нова студија објавена во „Personality and Social Psychology“ вели дека шансите за тоа да се случи се големи.rnrn
rnrnПсихолозите на група испитаници им задавале по два постера од кои требало да изберат еден. Во едната група, тие им дозволиле на индивидуите да го изберат својот омилен постер според нивните инстинкти, додека пак во другата групата се барало прво да направат листа од причини зошто го одбираат токму тој постер.rnrnИстражувачите откриле дека индивидуите кои го одбирале нивниот омилен постер според инстинктот уживале во него и во текот на наредните 3 недели. Но, на индивидуите кои размислувале за нивната одлука пред да ја донесат, не само што постерот не им се допаѓал, туку дел од нив воопшто не го ни закачиле на ѕид во својот дом.rnrnКога од нас се бара да пронајдеме причини за нашите избори, тоа може да доведе до префрлање на нашето внимание кон стимулансот кој е полесен за вербализирање и опишување. Но, ова исто така може и да ја ограничи нашата способност да направиме избор според „емоција“ или „чувство“ кое не е толку лесно за објаснување со зборови.rnrnВо случајот кога станува збор за она што ни се допаѓа во областа на уметноста, лесно е да забележиме зошто нашите емоции и чувства би биле добар водач. Правењето избори во другите области од нашиот живот функционира на сличен начин. Понекогаш причината ми се допаѓа затоа што прави да се чувствувам добро е единствената причина која ви е потребна, а доколку пробувате претерано да анализирате зошто е тоа така, има големи шанси да се убедите себеси дека не треба да им верувате на своите инстинкти.rnrnВсушност, навистина ли треба да биде важно зошто повеќе сакате латино музика отколку хип хоп или пак, хорор филмови наместо драми? Најважно е да знаете дека токму тоа нешто ви се допаѓа и да си направите дополнителни активности на тоа поле со цел да си воведете повеќе задоволство во вашиот живот.rnrnЧесто знаеме да си го уништиме нашето уживање во едноставните задоволства од животот бидејќи се обидуваме да ги рационализираме со цел да дознаеме зошто ни се допаѓаат или пак, да си докажеме на себе дека тие се најдобри. Но, ова е многу будалеста причина да не продолжиме да уживаме во нешто што навистина го сакаме, нели? Тоа ви се допаѓа, затоа што ви се допаѓа. Тоа е тоа. Нема потреба дополнително да ги комплицирате работите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
