КАФЕ ПАУЗА

Книга: „Скриена во најмрачниот агол“ – Елизабет Хејнс

Скриена во најмрачниот агол

Постои ли агол во кој можеш да се скриеш кога некој го контролира секое делче од твојот живот?rnrnСкриена во најмрачниот аголЕлизабет Хејнс живее во Кент, Англија. Нејзиното име стои на 3 ултра популарни новели со кои за кратко време се рангира како еден е најдобро продаваните крими автори. За своето првенче „Скриена во најмрачниот агол“ е добитник на престижната награда на Амазон „Најдобрите книги во Велика Британија“ во 2011 година. За себе вели дека била од оние деца со бујна имагинација и желба за пишување раскази. Всушност на 13 години си ја купила првата машина за пишување на која почнала да ги создава своите ремек дела.rnrnПрвиот посериозен чекор кон светот на пишаниот збор го направила кога се пријавила на реномираниот сајт на „Националниот месец на пишување новели“ и се решила да напише новела од 15.000 збора во текот на еден месец. Станува збор за годишен предизвик за младите и амбициозни автори кои бараат начин да бидат признаени и иако Елизабет не го освоила првото место, го добила потребниот поттик и инспирација да го започне делото со кое ќе се прослави и од анонимус ќе се искачи на врвот.rn

Скриена во најмрачниот агол

rnrn

Синопсис

rnКети Бејли е девојка која живее под строги правила и процедури. Нејзиниот ритуал на заклучување на станот пред да излезе од дома се состои од проверување на рамката од вратата – 6 пати, повлекување на рачката од вратата – исто така 6 пати, како и прецизно местење на завесите за кога ќе погледне од улица кон својот прозор, тие да покриваат точно определен дел од стаклото. Доколку работата не е завршена како што треба, Кети е способна да помине часови повторувајќи ја истата постапка сè додека физички не остане без грам сила. Исто така, постојат правила за пиење чај во определен дел од денот, одење по различна патека секој пат кога се враќа дома и секако, минимален контакт со луѓето околу неа. Да, Кети Бејли има опсесивно-компулзивно растројство и да, го уништува нејзиниот живот.rnrnКетрин Бејли е девојка која ужива слободен, безгрижен живот поминувајќи ги своите бурни ноќи во најдобрите клубови, пиејќи со своите другарки и будејќи се крај различни мажи. Нејзината среќа нема крај кога го запознава Ли, типот со најубавите сини очи, прекрасно тело и поглед кој прави да ѝ се тресат колената. Помеѓу дивиот секс во темни ќошиња и романтичните вечери кои ја пречекуваат кога ќе се врати дома, Кетрин е убедена дека ја има пронајдено вистинската комбинација – маж кој ја сака, ја возбудува и се грижи за неа.rnrnНикој не би претпоставил дека убавата Кетрин, од провокативна девојка која танцува на подиумот во нејзиниот жежок црвен фустан, за неколку години ќе стане Кети – повлечена, безгласна, незабележлива и најмногу од сѐ, исплашена. Што треба да ѝ се случи на една девојка за да побегне од својот роден град, да го смени целосно својот изглед, да ги изгуби своите пријателки и да ја сконцентрира целосно својата енергија на едно единствено нешто – како да остане безбедна? Колкав терор може да преживее една жена и да биде способна да продолжи понатаму? И конечно, кога немаш никој близок крај себе да те заштити, кога некој постојано те набљудува, ти ја нарушува приватноста, ти влегува во сопствениот дом и ти ги допира работите, кога лузните од минатото сè уште болат, после сѐ тоа, во кој агол можеш да се скриеш за да преживееш?Скриена во најмрачниот аголrn

Лична критика

rnПочнувам да мислам дека имам некој проблем со напнативе трилери. Мислам не е проблемот во нив, баш напротив, но кога од 5 нови книги дома со различна содржина прв ќе го избереш оној кој знаеш дека ќе те извади од памет и сепак нема да можеш да го оставиш ни миг, мора да има некој проблем нели? Или пак, се тешам, станува збор за одлично склопена новела која ретко кој не би го оставила без здив. Но можеби, кога би била храбра и би признала, се пронајдов во одредени моменти кои уште повеќе ме приврзаа за содржината.rnrnКако и да е, тука не сте за мене туку за добра препорака, па така редно би било за сите оние кои се збудалени ко мене по овој жанр, најтопло да ја препорачам. Впрочем, нека крене рака таа девојка која не залутала барем еднаш во животот, барем на кратко во погрешна врска со погрешна личност. Да ве имав сите тука пред мене ќе ве изброев на една рака.rnrnПишувањето е динамично, случувањата се сместени на неколку различни локации со неколку години временска разлика, но сепак Елизабет не дозволува во ниту еден момент да го збуни читателот повеќе отколку што е потребно.rnrnСтилот на изразување е јасен, интелигентен и досетлив, а во потребните моменти напнат, мрачен и трогнува до коска. Оние кои сакаат добри трилери знаат дека бисерите меѓу нив се оние кои те тераат да се вртиш зад себе со денови откако ќе ја прочиташ, но оваа, прави нешто повеќе од тоа. Желбата да им се одржи добра лекција на сите љубоморни безрбетници кои сакаат ненормално да ги контролираат животите на своите девојки и жени, ќе ви се искачи до незамисливо ниво, додека истовремено ќе почнете да размислувате за тоа дали правилно ја заклучувате вратата и дали доволно се штитите од светот. А ако тоа не е добар трилер, не знам што е.rnrnИ најважниот дел, не знам по кој пат, пак ќе се вратам на моментот со храбрите жени кои се свесни дека се единствените шефови во своите животи и кои не дозволуваат ниту најмрачните и најтешките моменти да ги остават на подот, беспомошни. Семејното насилство е еден од најголемите проблеми со кои се соочува секое општество, но најважното е што оние кои биле психички малтретирани, контролирани и тепани, денес имаат храброст да го кренат својот глас и да ја преземат контролата врз сопствениот живот.rnrnМожеби еден трилер нема да направи никаква разлика, но за оние кои имаат потреба, никогаш не се знае каде ќе ја пронајдат силата. А за останатите, ве очекуваат 400 страници феноменална приказна. Не пропуштајте ја!rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.